Google+ доби чет меѓу корисници од заеднички кругови

0 коментари 1 мин. читање

Google+ добива интересна опција за четување со луѓе кои се во зеднички кругови, односно тие што ве додале во нивните крогови и кои ги вие имате во круговите. За тие што не користат кругови, тие се групи/листи во кои може да си ги организирате пријателите и да контролирате доколку сакате да постирате нешто наменето само за одредени луѓе.

Разликата од претходниот чет кој беше достапен само меѓу луѓе кои си ја знаат имејл адресата, односно се пријатели, сега е овозможено четување со сите кои ве додале во својот круг и кои вие ги имате додадено.

Google во својот блог пост вели дека сега е можно четување и откако се напушти Google+, четувањето продолжува преку другите Google продукти, пример iGoogle или Google Talk.

Google вели дека ова не е форма на групен чет меѓу круговите, иако и тоа би било доста интересно.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top