1 коментар 2 мин. читање 10 август, 2016

AdBlock или не, Facebook ќе ви прикажува реклами

Facebook најави дека наскоро сите десктоп корисници ќе ги гледаат рекламите, без разлика дали користат AdBlock или не. За среќа, истовремено на корисниците ќе им биде овозможено, да одберат кои реклами ќе ги гледаат, а кои не.

„На корисниците им обезбедивме поголема контрола.  Истовремено ќе започнеме да им прикажуваме реклами и на корисниците кои користат софтвер за блокирање.“, вели Ендрју Босворд од Facebook.

Ова нема да биде добра вест за најголем дел од корисниците, па Facebook веќе работи на „гаснење на пожарот“.

Корисниците ќе добијат напредни контроли со кои ќе управуваат што сакаат, а што не сакаат, да гледаат во својот фид. Добра вест е што социјалната мрежа ќе ги известува корисниците зошто се таргетирани со некоја реклама, а корисникот ќе може и да ги избрише ваквите реклами.

„Ако не сакате реклами за некои интереси, како патувања или мачки може да го избриште од листата. Корисниците ни кажаа и дека не сакаат реклами од компаниите или организации, кои ги додале на листа на корисници, па ќе овозможиме алатки за отстранување. Овие подобрувања се дизајнирани да овозможат поголема контрола над податоците кои се користат за презенитање на реклами“.

Ќе може да се изберат и теми кои се од интерес за корисниците и да гледаат реклами за нив, на пример спорт или готвење. А ќе фукционира и обратната пракса, односно ако не го интересираат овие теми, може да го избрише.

Блокирањето на реклами е многу поголем проблем од десктоп отколку на мобилните платформи. Најголем дел од заработката на Facebook, дури  84 отсто, доаѓаа од мобилната платформа. Сепак социјалната мрежа и од десктоп рекламите заработува речиси 1 милијарда долари.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top