0 коментари 2 мин. читање 4 октомври, 2011

Го потценивме iPhone, вели директорот на Sony Ericsson

Требаше да го сфатиме iPhone многу посериозно кога се појави во 2007 година, вели извршниот директор на Sony Ericsson, Берт Нордберг во интервју за Wall Street Journal.

Сепак, иако iPhone е сериозна конкуренција, г. Нордберг е задоволен со својот избор. Тој кога дојде на кормилото на шведско-јапонската компанија го отфрли мобилниот оперативен систем на Nokia, Symbian, во замена за Google-овиот Android. „Тоа што го одбравме Android е најдобриот избор кој го направивме, земајќи го во обзир растот на Android платформата.“

Дури 70 отсто од бизнисот на Sony Ericsson е продажбата на паметни телефони, а до ова време следната година компанијата целосно ќе се посвети само на паметните телефони, вели тој.

„Во суштина, ние сега сме во бизнисот на правење мали компјутери кои имаат можности за телефонирање.“

Што се однесува до нови мобилни платформи, г. Нордберг вели дека е „љубопитен за Windows Phone 7″, но не би инвестирал во платформа која „не е доволно добра како оваа што ја користиме сега“.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top