0 коментари 2 мин. читање 4 октомври, 2011

AEK стартува натпревар за мобилни апликации

Агенцијата за електронски комуникации стартува натпревар во изработка на апликации за iOS (верзија 4+), Android (верзија 2.1+) и Windows Phone 7. Целта на натпреварот, вели АЕК, е „промовирање на електронските комуникации и поддршка на новите технологии, како и поттикнување на користење на широкопојасен интернет“.

Пријавување на натпреварот е до 1.11.2011-та, апликациите треба да се пратат до [email protected], a финалето ќе се одржи на 8.11.2011-та.

Покрај оваа кратка информација нема многу детали. АЕК oбјави за натпреварот на својот сајт и Facebook профил, и го постираше овој краток пост на уште неколку други. Од АЕК чекаме одговор (г. Пеовски кој е задолжен за натпреварот не e во Македонија) на тоа што сигурно би ги интересирало програмерите, како на пример, кој би бил сопственик на апликацијата? Ова прашање се наметна по двата претходни натпревари на операторите кога програмерите за одреден период ја предаваа сопственитоста на апликацијата, односно на првата верзија. Второ важно прашање е дали апликациите треба да бидат изработени комплетно, или може да се пријави алфа верзија или можеби само неизработен концепт, бидејќи рокот од еден месец е краток за целосно изработување на солидна мобилна апликација. Исто така, дали е потребно да бидат објавени на Аpple App Store, oдносно на Android Market. Кој би бил во жирито, кои се критериумите…? Кои се наградите?

Се надевам дека ќе видиме подетално соопштение, но и дека ќе видиме одлични апликации.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top