Неодамна, поразговаравме со Лина Андерсон, извршниот директор на Dinomite Games за нивната игра Go Fight Fantastic.
Крајно отворена за соработка, Лина сподели интересни увиди за нивната игра – за тоа како ликовите се главниот фокус и како сите од нив имаат уникатни потези и способности.
Ова, во комбинација со рачно-нацртани, шаренолики мапи, нуди впечатливи и предизвикувачки hack and slash моменти за самостојни или заеднички авантури.
По неколку часовно дружење со играта, и ние се здобивме со истиот впечаток како Лина. Имено, забавно е да се управува и да се користат уникатните способности на ликовите, особено при комбинирање најразлични способности кои, подоцна, кулминираат во поефикасни синергии или разорни експлозии. Приказната на моменти делуваше премногу едноставна и со детски дијалог, но, надвор од ова, гејмплеј механиките се чинеа како да се на место и да се способни да ја „носат“ играта.

Во Go Fight Fantastic управувате со екипа од шверцери кои сосема случајно ќе наидат на инвазија. Не можејќи да седите со скрстени раце, ќе пробате да помогнете на населението така што ќе се впуштите во серија од мисии кои се одликуваат со одредени рандомно генерирани параметри. За време на соло мисиите, можете да скокате од лик до лик и да отклучувате над 100 надградби. При мрежното играње, секој играч игра со еден, претходно одреден лик, при што се охрабрува договарање и меѓусебна соработка.

Иако паметиме бројни забавни моменти со играта и мило ни е што поминавме низ кампањата, дел од Steam корисниците не го делат нашиот ентузијазам и ја поставуваат играта со 66 проценти позитивни рецензии. Незадоволството првенствено доаѓа од технички проблеми поврзани или со мултиплеерот, или со поситни багови поврзани со звукот или контролерот.

Во меѓувреме, студиото Dinomite Games има исправено поголем дел од таквите проблеми, така да би сакале да ве советуваме да не бидете водени од негативните рецензии, туку да ѝ пружите шанса, особено доколку сте по разиграни наслови кои потсетуваат на ретро игри како Secret of Mana, Final Fantasy и Zelda, но и на цртани филмови како Gravity Falls, Steven Universe.
Go Fight Fantastic чини 860 денари!

Во нашиот разговор, Лина даде и одлични совети за сите оние што сакаат да навлезат во гејминг индустрија. Прочитајте го целото интервју тука!
Повеќе детали за играта
- Произведува: Dinomite Games
- Издава: Kinda Brave
- Жанр: акција, hack and slash
- Платформа: Microsoft Windows
- Излезе на: 26 март 2024