Google продолжува со интегрирање на своите сервиси меѓусебе, а најново такво нешто е интеграцијата на Google Drive во Gmail. Имено, одсега на Gmail корисниците ќе им биде овозможено да додаваат фајлови до 10GB преку Drive и истите да ги испраќаат преку мејл.
Споделените прилози преку Google Drive редовно ќе се ажурираат и кај примачите, доколку вие правите некои измена на нивната содржина. Така, сите примачи ќе ги гледаат најновите промени, а содржината ќе можете да ја менувате и после испраќањето на истата преку мејл.
Исто така, Gmail е толку паметен, што доколку примачот нема пристап до документот, ќе бидете прашани дали сакате да ја споделите таа датотека. Оваа можност, исто така, работи и со обично испраќање на URL адресата од документот.








