Background Burner е веб апликација која овозможува едноставно отстранување на позадината на фотографиите. Се што е потребно е да ја закачите фотографијата, по што апликацијата ќе ви понуди неколку решенија од кој се отстранети делови или во идеален случај целата позадина. Одземањето или додавањето на делови од сликата се единствените можности за едитирање на фотографијата, но иако вообичаено резултатите се далеку од идеални, сепак со дотерување може да се добие пристојна верзија. Покрај ова за разлика од поголем дел од програмите како Photoshop и дел од останатите едитори за слики, Background Burner е бесплатен.
Добивај известувања
Најава
0 Коментари
Најнови








