Giveaway за Nova Game Expo: Spring Edition и викенд предлози: ритам со Base Defense или тактички пресметки со Glorious Companions

IT.MK Giveaway: дигитална изложба со Nova Game Expo

Nova Game Expo е замислен да биде како првиот 3D гејминг настан кој, од комфорот на вашиот прелистувач, ви дозволува да се движите низ дигиталниот свет, да посетувате дигитални штандови, да се информирате за идни наслови, како и да играте над 25 демо верзии на игри за компјутер и конзоли. Благодарение на ова, се елиминира потребата од преземања или инсталации на демо игрите, потенцијално намалувајќи ја бариерата за пробување нови игри.

Инфлуенсери и новинари веќе ги проверуваат предностите на NGE, а за сите останати, пристапот се овозможува по 15-ти февруари. Доколку сакате да сте дел од настанот и да ги проверите и играте демо верзиите кои се на понуда, ви треба билет. За среќа, нам ни дозволија да понудиме неограничен број од билети за сите заинтересирани. Се што треба е да ни пишете што било на [email protected], за да ви го испратиме билетот по 15 февруари.

Настанот има намера да обезбеди рационализирано искуство за играчите. Успехот на овој формат и неговото потенцијално влијание врз гејминг индустријата е во рацете на самите гејмери.


Glorious Companions: Тактичка RPG авантура во отворениот свет

Со две различни кампањи, како и PvP битки инспирирани од воени игри, Glorious Companions нуди бројни можности за долга и впечатлива забава.

Имате за задача да регрутирате разновидни војници, да ги тренирате и опремувате за предизвиците што ги чекаат низ кампањите. За така цел, избирате од различни класи на платеници во рамките на двете фракции, истражувајќи ги нивните уникатни борбени способности и стратешки потенцијал. Секој придружник може да се прилагоди преку различни стебла на вештини и, стандардно за вакви игри, како што вашите придружници стануваат посилни, така ќе растат и предизвиците со кои се соочуваат.

Секоја од тактичките битки започнува така што треба да ги поставите вашите единици на мапата

За време на битките, вашата клучна задача е да го штитите вашиот капетан, принудувајќи ве првенствено него да го поставите, па потоа стратешки и останатите членови од вашата група. Од тука натаму, битките се движат според одамна утврдените параметри за тактички игри, дозволувајќи ви да се движите и напаѓате низ „шаховската“ мапа во зависност од поените кои ги имате за движење и акција. Механиките се дополнително проширени во зависност од тоа какви оружја користите и каков оклоп напаѓате.

Светот е огромен и интересен за истражување, криејќи различни богатства (и опасности)

Со својата комбинација од тактичка борба, интересна приказна и отворен свет за истражување, Glorious Companions изгледа како ветувачки наслов за љубителите на RPG жанрот. Играта беше долг период во процес на развивање и мило ни е да ја видиме финалната верзија.


Bass Defense: во ритамот на музиката!

Bass Defense се одликува со два режими на игра. Во првиот режим, Soundwave mode, имате за задача да ја спасите вашата база така што користите најразлични надградби, способности или, пак, едноставно да играте според ритамот на музиката. Не можеме доволно силно да ја нагласиме последната работа: ако немате ритам – нема да имате успех во Bass Defense. Вашата база се наоѓа во центарот на мапата, а вашата мисија е да не дозволите на бројните противници да го пробијат периметарот.

Непријателите ги уништувате така што се усогласувате со ритамот на музиката

Секој пат кога непријател ќе се приближи до периметарот на вашата база, потребно е да го притиснете соодветното копче за да го уништите. Покрај ова, имате на располагање и неколку моќи кои се од дефанзивен и офанзивен карактер. За да може да искористите некоја моќ, мора првин да одржувате ритам, односно да убивате противници, за да се скалата наполни. Рефлекси се од особена важност во играта затоа што штракање без врска нема да ве одведе далеку, особено ако сакате да ги користите моќите кои, патем, се и надградливи!

Вашата кинетичка енергија се претвора во енергетски капсули. Овие капсули ги заработувате преку активно користење на моќите, но потребна е одредена резервираност во нивното користење; во спротивно, може да ви се поремети ритамот. Штом насоберете доволно капсули, истите ќе можете да ги искористите за надградби помеѓу стази.

Вториот режим на игра се вика Fingerton и е замислен да понуди значително поголем предизвик – преку користење на само еден прст. За време на овој мод, ритамот е единственото нешто кое е важно и нема да можете да користите моќи. Згора на тоа, единствената понудена тежина е најтешката.

Играта се одликува со висок фактор на забава, нешто што е дополнително засилено со разноликите мапи и впечатливите музички нумери. Топла препорака за сите оние што сакаат музиката да се користи како клучна гејмплеј механика.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments