0 коментари 1 мин. читање

Github ја помина бројката од 3 милиони корисници

Github е најпопуларен сервис за софтверски развој кој го користи Git системот за контрола на верзии, кој ја објави и информацијата дека сервисот има повеќе од 3 милиони регистрирани корисници.

Github е основан во 2008 година, првиот милион го прослави во септември 2011 година, вториот во август минатата година, а за помалку од 6 месеци бројката на корисници ја зголеми за уште 1 милион, при што стигна до оваа голема бројка од 3 милиони корисници.

Покрај бројката на корисници, на сервисот се имаат креирано повеќе од 5 милиони репозиториуми на кои работат развивачите и останатите корисници на Github.

Напишано од

Борис Кузманов е поранешен автор на IT.com.mk, студент на ФИНКИ, придонесувач кон развојот на платформата за блогирање WordPress, автор на <a href="http://mk.wordpress.org/">mk.wordpress.org</a>, GNU/Linux и Android корисник, слободен софтвер ентузијаст, гик и нинџа.

Мени
Заедница
Изглед
To top