GIST Business Incubation има отворен повик за учество во инкубаторска програма. Повикот е наменет најмногу за стартапите од државите во развој и за стартапи кој работат на развој на технологија и наука. Дополнително ограничување е што сервисот кој се развива треба да биде наменет за американскиот пазар.
Одбраните стартапи ќе имаат можност да се развиваат на неколку во 5 различни инкубатори во САД; програмата е имплементирана од страна на VentureWell; инкубаторската програма ќе се одржи оваа есен.
Она што веројатно е најважно е дека стартапите кои ќе бидат одбрани ќе имаат можност да се запознаат и да добијат пристап до пазарот во САД и ќе добијат пристап до инкубаторски материјали и програма. Секако ќе можат да ја доразвијат својата идеја и да се вмрежат со контактите кои ќе ги среднат.
Дополнително има повеќе други услови кои стартапот треба да ги исполнува за да може да учествува. Разбирливо потребно е познавање на англиски јазик, но потребно е и апликантите да бидат помлади, поточно од 18 до 40 години.
За сите заинтересирани нема многу време за пријавување. Краен рок е 31 јули, а за сите детали и документација која ви е потребна може да го посетите следниот линк.