GIMP или Krita се солидни алтернативи на Adobe Photoshop

Нема никакво сомневање во квалитетните потенцијали на Adobe Photoshop. Но, таквото нешто доаѓа со цена која не би можела да си биде дозволена од сите. Поради тоа, обично се потпираме на повеќе од одличната алтернатива – GIMP.

Oваа бесплатна алатка ја нуди скоро истата функционалност како и чедото на Adobe, а не ви бара пари за возрат. GIMP постојано се надополнува и истакнува како решение со поддршка за целосни слоеви, прилагодување бои, алатки за автоматско подобрување на фотографии, најразлични четки, хоризонтално и вертикално исправување и лепеза од корисни ефекти и филтри.  Последното поголемо надополнување не само што ги прошири можностите туку и исправи серија од проблематични багови, што само покажува дека заедницата никако не се откажува од оваа бесплатна алатка, која станува сè подобра со секој поминат ден. Но, што доколку сакате интересна алтернатива и на GIMP?

Како open-source софтверско решение, Krita е бесплатна и нуди најразлични четки, како и бројни можности за поправање и подобрување на вашите фотографии. На располагање имате арсенал од филтри, но и асистенти за работење со прави линии и кругови, како и таканаречени „стабилизатори“ кои помагаат да е полесно скицирањето со глувче. Можеби никогаш не сте слушнале за Krita, но развивањето на програмот е уште од далечната 1999 година, за кога се сметаше како озбилен конкурент и на Photoshop и на GIMP. Дури десет години подоцна, авторите решија да се рефокусираат и посветат на цртање, односно боење.  Krita e достапна не само за Windows, туку и за macOS, и Linux.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments