Gigley е хрватска апликација која ќе се обиде да ви помогне со здодевните задачи

во ИТ.ЕУ, Мобилни

Gigley е хрватска апликација изработена од Иван Рендулиќ. Апликацијата излезе како решение на стартап натпреварот IdeaKnockout, а на корисниците треба да им помогне да пронајдат помош за домашните, понекогаш и здодевни задачи.

Идејата на г. Рендулиќ е секој пат кога имате некоја работа која не знаете или не сакате да ја правите, да го користите сервисот за пронаоѓање на луѓе кои ќе ве заменат. Дел од овие работи се поправки дома, чување на деца, косење трева или поправки на компјутери, вели Netokracija.

Идејата и не е премногу нова и има неколку сервиси кои овозможуваат слична услуга. На пример Uber, овозможува да пронајдете возач, иако е слична апликација сепак станува збор за една услуга. Amazon има сличен сервис, но овозможува корисниците да дојдат во контакт со професионалци. Најслични апликации се  TaskRabbit или HelloAlfred.

Принципот на работа е едноставен. Кога на некој му е потребно да биде завршена некоја работа го остава својот „оглас“. На него одговараат сите заинтресирани корисници, се договараат за цената и периодот во кој ќе биде завршена работата. По завршувањето на работата Gigley ги префрла парите на сметка на корисникот кој ја нуди услугата. За користење на апликацијата е потребна PayPal сметка.

Во Македонија по забраната на нелиценцирани „мајстори“ за извршување на поправки или сервис, слична апликација ќе отвори интересен проблем. Дали креаторот на апликацијата која нуди поврзување на мајстори и корисници, прави прекршок или не?

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments