Google Street View инжинери знаеле дека крадат кориснички податоци преку Wi-Fi мрежи

Инжинерите на Google намерно напишале програма која може да ги собира корисничите податоци преку небезбедни Wi-Fi мрежи, открива извештајот за истрагата за Street View, поднесен до американските Федерална комисија за комуникација. Овие информации беа собирани преку Google Street View колата која ги фотографира улиците за да ги направи Google Maps пореалистични, во период од 2008 до 2010-та година.

Но, интересно, Федералната комисија вели дека Google не го прекршил законот бидејќи е напишан во период кога не постоеја Wi-Fi мрежи. Google беше само парично казнет со 25.000 долари бидејќи ја попречувал истрагата.

Во извештајот се вели дека луѓето на повисоки позиции во Google не знаеле дека се собираат податоци, иако во извештајот се вели дека „инжинерот До“ му кажал на својот претпоставен и уште еден инжинер дека ги собира мејловите и веб историјата од незаштитените Wi-Fi мрежи со намера да ги искористи за идни Google проекти.

Google вели дека целиот инцидент е „грешка“ и доброволно го објавува јавно извештајот за да ги смири страстите. Имињата на инжинерите не се објавени.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk