Ах, есен! Доаѓаат празници и стартува нова гејминг сезона, која веќе има фантастични наслови предводени од Fallout 4, нова екстензија на Starcraft и нова Call of Duty: Black Ops 3. Овие игри се толку добри и толку профитабилни што ако некој ги спои, ќе експлодира светот, вели Гораст од GG.mk, единствената македонска емисија за игри која премиерно се емитува секој понеделник во 20:00 часот. И како што наликува на гејминг шоу, премиерата оди на Тwitch.tv. Сите снимки може да ги погледнете подоцна на YouTube.
S02E06 беше посветена и на носталгијата по старите добри времиња кога игри се играа со пријатели во интернет кафеа. Гостуваа Боки и Јане кои во 1998 година ја отворија „Седмица“, едно од првите гејминг кафулиња во Скопје. Денес играчниците се заменети со дигитални платформи како Steam, а со пријателите разговарате преку микрофон и слушалки, и ги гледате како нивниот виртуелен карактер.
Disclaimer: IT.com.mk е медиумски партнер на GG.mk бидејќи веруваме дека гејмингот е добро хоби, и се почестo одличен е-спорт.







