„Ќе ве гониме до крај!”: Anonymous објави листа на наводни екстремисти поврзани со ISIS

Хактивистите Anonymous им објавија војна на Исламска држава (ISIS) објавувајќи имиња на наводни екстремисти кои се поврзани со терористичката организација. Гневни поради нападот врз Париз во кој загинаа 129 лица, хактивистите објавија листа на профили и сајтови на наводни екстремисти, во обид да ги срушат или преземат. Целта е да се посрами ISIS, иако операцијата на Anonymous треба да се сфати со резерва бидејќи не може да се потврдат идентитетите зад тие профили. Имало случаеви кога се Anonymous комплетно да ја промаши метата и обвини невини луѓе.

Групата во пост на Pastebin означи еден куп Twitter профили, сајтови, имејлови и IP адреси кои треба да се срушат, иако, повторно, не може да се потврди дека станува збор за профили поврзани со терористи. Проблемот кој го имаат виртуелните активисти е што се во слободно движење. Anonymous не се официјална организација, туку колектив на хакери, активисти, граѓани, криминалци или било кој што ќе стави симболична маска во име на борбата против злото.

Но, јасно е дека ISIS и другите терористички организации се почесто ги користат друштвените мрежи за да шират пропаганда. Познато е дека друштвените мрежи се користат за идентификување и регрутирање на млади радикални исламисти, иако често се споменува дека терористичките организации се кријат зад анонимните сервиси. Неодамна беше објавено дека ISIS користи криптирани месенџери како рускиот Telegram за да комуницира со истомислениците без да бидат следени, а се користи и Tor за комуницирање преку „скриениот интернет“.

Тоа што сепак им успева на Anonymous е да го привлечат вниманието на луѓето. Anonymous се идеализираат како борци против неправдата, што ги објаснува дватa милиони прегледи на YouTube видеото за #OperationISIS.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk