0 коментари 2 мин. читање 31 декември, 2014

GG.mk S01E13: Ова ни се омилените игри за 2014-та!

Од прекрасни независни проекти до најдобрите AАА серијали што до сега сме ги виделе… сите се појавија во 2014-та година, за која може да се каже дека беше продуктивна за сите љубители на видеогри. Но, која е најдобрата меѓу нив? И уште поважно, која ви го направи ќеифот најмногу? Ова беше главниот критериум на Данко, Бобо, Гораст и Наум кои во новогодинешната епизода на GG.mk си обраа четири најдобри игри што се изиграа лани.

Нивните вкусови се различни, што освен добро тролање за изборот, сепак придонесе и кон одлични рецензии. Не треба да се спомне дека GTA 5, Warlords of Draenor, This War of Mine, Heartstone и Assassin’s Creed: Unity се најдоа во листата на најдобри, но кои се другите? Погледнете ја новогодинешната епизода.

[youtube]ecx_itWQCO8[/youtube]

Disclaimer: IT.com.mk е медиумски партнер на GG.mk бидејќи веруваме дека гејмингот е добро хоби, и се почестo одличен е-спорт.
Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top