0 коментари 2 мин. читање 22 октомври, 2014

Back to the Future ja предвиде иднината – го добивме првиот ховерборд на време

Во 1989 година Марти Мекфлај и Док Браун патуваа во 2015 година за да ja променат иднината. Доколку сте го гледале Back to the Future 2, секако ќе се сетите на сцената во која беше претставен легендерниот „hoverboard“.

Сега сме скоро 2015-та година и се чини дека предвидувањата во филмот ќе се остварат. Го добивме првиот ховерборд со име Hendo. Станува збор за стартап основан од Грег и Џил Хендерсон кој се обидува преку Kickstarter да ги собере потребните средства за реализација на проектот. Потребната сума е 250.000 долари, а со оглед на тоа дека до сега се собрани над 195.000, изгледа дека со реализацијата на Kickstarter целта нема да има проблеми.

Цената на „hoverboard“-от во оваа фаза е 300 долaри, поточно станува збор за Developer Kit кој содржи се што е потребно за составување на ховерборд и платформа која е погодна за лебдење кој подржувачите потоа можат да ги склопат во функционални бета уреди. Дел од медиумите во САД веќе имаа можност го тестираат летечкиот скејтборд, „Искуството е како да седите на џиновски пак за хокеј кој лебди 2cm над земјата“, велат од GigaOM.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top