Getty Images престана да се бори против Интернетот; 35-те милиони фотографии сега се бесплатни

Getty Images, најголемиот сервис за продажба на дигитални фотографии, се реши да ги тргне водените жигови од фотографиите кои ги хостира. Наместо да се бори против Интернетот за заштита на авторските права, Getty Images ќе дозволи бесплатно преземање на фотографии, но само ако се тие вметнати во сајтовите, односно embeded. Сајтот, за кој British Journal of Photography вели дека „самостојно го промени целиот фотографски пазар“, верува декa вметнатате, embed фотографии ќе донесат поголема промоција на фотографите бидејќи како отворена платформа ќе добијат поголема интеракција и вредност од корисниците.

Налик на Facebook пост, твит од Twitter и видео од YouTube, така сега ќе може да го посетите сајтот, да одберете фотографија и да ја додадете на вашиот сајт, при тоа почитувајќи ги авторските права, со референца кон авторите и без жиг. Но, над 35-те милиони фотографии кои ги има Getty Images ќе може да ги користите само за не-комерцијални цели. Getty Images вели дека „комерцијалното користење“ не се однесува ако сајтот прави пари од реклами, туку комерцијално користење е ако се искористи фотографијата за маркетинг. Како вредност за Getty е што ќе знаат кој и како ја користи сликата, и ќе ги користат тие аналитики за бенефит на нивниот бизнис. Тоа што е можеби најважно е што ембедираната фотографија ќе функционира како линк за тој што сака да плати за фотографијата.

Getty Images ја промени својата стратегија поради тоа што не можеже да се бори веќе против Интернетот. Иако Getty ги продаваше фотографиите со жиг за да ги заштити, истите тие беа преземани преку сајтовите кои платиле за лиценцираната фотографија без жиг. Но, повеќето прекршувања на авторските права се прават од издавачите кои не знаат ништо за правата и лиценцирањата, или пак немаат буџет да купуваат фотографии за својата содржина, вели потпретседателот за бизнис и маркетинг на Getty, Крег Питерс за BJP-online.com.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments