0 коментари 2 мин. читање 22 јуни, 2017

Германската полиција направи рации во 36 домови заради објави на Facebook

Во Германија објавите на друштвените мрежи можат да донесат сериозни законски последици. Германската полиција направи рација во 36 домови поради постови на друштвените мрежи. Рацијата кај овие граѓани е поради закани, принуди и потикнување на омраза.

Најголем дел од рациите се кај граѓани обвинети за десен-екстремизам, само двајца се обвинети за лев-екстремизам.

Германија е најверојатно е државата која е најсериозна кога говорот на омраза е во прашање. Кога друштвените мрежи се во прашање, Facebook, Twitter и Google мора да ги избришат сите објави кои ја надминуваат слободата на говор во перод од 24 часа. Со ова Германија го има најригорозниот закон во Европа. Чекор понатаму, во Германија има јавна дебата за нов закон кој ќе овозможи побрзо пронаоѓање на прекршителите, јави New York Times.

Според германски владини агенции, најголемата друштвена мрежа избришала во предвидениот период од 24 часа само 39% од објавите. Ако оваа статистика изгледа лошо, Twitter избришал само 1%. Доколку бидат потврдени измените, друштвените мрежи за оваа пракса можат да бидат казнети со 50 милиони евра.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top