0 коментари 2 мин. читање 8 февруари, 2019

Германија му забрани на Facebook да користи податоци од Instagram и WhatsApp

Друштвената мрежа не смее да користи податоци од Instagram и WhatsApp ако нема добиена директна дозвола од корисниците. Забраната доаѓа од германската агенција за заштита на конкуренцијата на пазарот, Bundeskartellamt.

Поточно регулаторот разгледуваше два дела. Првиот заклучок е дека WhatsApp и Instagram може да собираат податоци. Во продолжение се наведува дека овие податоци не смеат да се комбинираат со податоците на корисникот на Facebook, без дозвола со корисникот. Истото важи и за комбинирање на податоци од корисниците од било кои други сервиси. Дополнително, обично штиклирање како дозвола за споделување податоци, нема да биде доволно.

Ова важи единствено за Германија, иако изгледа неверојатно дека наскоро праксата нема да се прелие и надвор од Германија, вели BBC.

Друштвената мрежа веднаш вложи жалба на оваа одлука. Facebook вели дека одлуката доаѓа од ненадлежна агенција, со оглед на тоа дека немаат монопол. Повторно повторија дека имаат конкуренција во YouTube, Snapchat и Twitter. Додавајќи дека 40% од корисниците на друштвени мрежи во Германија не користат Facebook.

Секако сè ова беше проследено со објаснувањата дека овие податоци се клучни за подобрување на платформите и за поголема безбедност на корисниците. Иако во својот блог не напишаa, веројатно главна причина за собирање ни сите податоци се рекламите и секако за презентирање на податоци за релевантноста за рекламирање на друштвената мрежа.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top