Бил Гејтс ги поддржа FBI, Apple остана на своето – нема да го отклучат iOS

Сагата со отклучувањето на iPhone телефонот на убиецот од Сан Бернандино продолжува. Неочекувано поранешниот директор на Microsoft, Бил Гејтс, ги поддржа FBI, велејќи дека отклучувањето на овој телефон не е преседан и нема да биде отворање на вратата за сличен случај во иднина. „Ова е специфичен случај кога владата бара пристап до информации. Немаат општо барање, туку за специфичен случај… Нема никаква разлика помеѓу ова и барање за податоци од телефонски компании или банкарски сметки. Замислете дека банката има лента околу хард-дисковите и ви вели дека ако ја отвори лентата сега ќе треба да го прави ова многупати“, вели Бил Гејтс за Financial Times.

Сепак Apple останува на своето дека креирање на backdoor во iPhone за FBI е преседан кој ќе дозволи легално да им се дозволи пристап на властите до сите телефони. Директорот Тим Кук во писмо објасни кои се опасностите од ваквите промени. Затоа, вели тој, треба да се цени поддршката која ја доби Apple од 13-годишен развивач на апликации, до 30-годишен ветеран на индустријата. Г. Кук одговори на едно од многуте прашања што се поставуваа деновите, како „Дали Apple воопшто може да креира оперативен систем кој ќе биде без заштита?“. Одговорот е „да“. Новиот оперативен систем треба да може да овозможи електронски влез на лозинките, што би овозможило поедноставно и побрзо отклучување.

„Да, можно е да се креира оперативен систем кој ќе ја поткопа безбедноста како што бараат властите. Но, веруваме дека ова е опасно. Единствен начин да гарантираме дека оваа алатка нема да биде злоупотребена е воопшто да не создадеме“, вели директорот на Apple.

Apple исто така разјасни дека никој пат не отклучиле телефон за безбедносните агенции. Компанијата ги доставувала податоците за кои имало судски налог, но не ги отклучувале телефоните.

Со свое соопштение излезе и Федералното истражно биро (FBI) кое објасни дека сепак нивното барање е со далеку помал опсег отколку се презентира. Агенцијата единствено бара можност да се обиде да го отклучи телефонот без да бидат избришани податоците. Ова го прават со налог за претрес, а се сомневаат дека на телефонот можеби има податоци кои ќе помогнат за пронаоѓање на други терористи. „Нема да можеме да им погледнеме на преживеаните во очи, ниту самите ќе може да застанем пред огледало доколку не ја следиме оваа трага,“ вели директорот на FBI, Џејмс Коми.

За изглед од оваа ситуација Apple предлага експертска комисија составена од законодавци, членови на агенциите за национална безбедност, и експерти за приватност и лични слободи.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk