0 коментари 2 мин. читање 23 јануари, 2014

Видео игрите можат да ви ги направат кошмарите позабавни

Доколку често сонувате за борби со мечови, борби со змејови и други епски авантури, тогаш вашите соништа се под влијание на видео игрите кои ги играте, вели психологот Џејн Гакенбах од Grant MacEwan University.

„Главната паралела помеѓу гејмингот и соништата е што и во двата случаи сте во алтернативна реалност, без разлика дали е биолошки или технолошки конструирана. Интересно е да размислите како искуствата од овие алтернативни реалности се пренесуваат во реалноста“, вели г. Гакенбах за Verge. „Гејмерите веќе знаат како да бидат контрола во алтернативна реалност, затоа нетреба никога да изненади ако гејмерот забележи дека сонува и да започне да манипулира со сонот“.

Ова овозможува гејмерите да не се будат во случај на кошмари, кои би ги разбудиле останатите луѓе. Наместо ова, гејмерите успеваат да ја предземат конторолата врз кошмарите, па дури и да уживаат во овие сонови. Со оглед на тоа дека во теорија кошмарите се еволуционен механизам кој овозможува тренинг за опасни ситуации во безбедна околина, гејмингот им овозможува на луѓето да се чувствуваат безбедни во оваа околина.

Освен ова гејмерите имаа побизарни соништа од останатите, неретко вклучувајќи невозможни сценарија, имагинарни карактери или патување низ вселената. Ова може да овозможи зголемување на имагинацијата и креатовноста, забележува Џејн Гакенбах.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top