2 коментари 2 мин. читање

Украинските демонстранти добија застрашувачка SMS порака

„Драги претплатници, вие сте регистрирани учесници на масовни протести“.

Оваа SMS порака беше испратена од украинските власти до мобилните корисници кои се наоѓаа во близина на насилните протести во Украина, на кои денес беа пријавени и првите две жртви по обидот на полицијата да ги растури камповите на демонстрантите. Немирите се резултат на строгите закони кои ги воведе земјата против слободата на говор и право на јавен собир, кои следат по неколку неделените мирни протести против одлуката на Украина во ноември да одбие да тргува со Европската Унија, под притисок на Русија.

[youtube]nEU8nG1Yu1Y[/youtube]

За разлика од Египет и други земји кои ги гасеа мрежите за комуникација за време на масовните протести, Украина се реши да ги искористи за да ги следи и идентификува граѓаните преку нивните мобилни телефони. Иако не е јасно како технички се идентификувани демонстрантите, најверојатното сценарио е дека се следат според локацијата која е одредена од блиските телекомуникациски кули, пренесува Washington Post. Три мобилни оператори негираа дека соработувале со властите за да се идентификуваат демонстрантите. Тоа што ја прави испратената SMS порака сериозно заканувачка е што, според новите закони, секој учесник на насилни протести може да добие казна затвор до 15 години.

[youtube]15zHl7pdx4s[/youtube]

SMS пораката беше испратена неколку часа пред полицијата да влезе во камповите на демонстрантите кои, против забраните во новиот закон, носеа маски, и беа наоружани со безбол палки и молотови коктели. Инцидентот заврши со две потврдени жртви; еден демонстрант е најверојатно убиен од снајперист, другиот е претепан од полицијата. Според градските власти, околу 120 демонстранти се повредени во тепачките, иако демонстрантите велат дека 1.400 луѓе побарале медицинска помош, а полицијата вели дека 163 полицајци биле повредени, пренесува Guardian.

По притисок од меѓународната агенција за прекин на насилството, претседателот на Украина, Виктор Јануковиќ, вети дека ќе се сретне со тројца претставници на опозицијата, меѓу кои е и поранешниот боксерски шампион Витали Кличко.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

2 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top