Windows Phone се продава подобро до iOS, но само во некои земји

во Мобилни

Се чини дека на Windows Phone му оди подобро отколку што изгледа, барем во некои делови од светот. Во дел од пазарите Windows телефоните имаат одлична продажба во споредба пред се со iPhone и BlackBerry. Чиле, Колумбија, Чешка, Египет, Еквадор, Финска, Грција, Унгарија, Индија, Италија, Кенија, Кувајт, Малезија, Мексико, Нигерија, Пакистан, Перу, Полска, Саудиска Арабија, Јужна Африка, Тајланд, Украина, Обединети Арапски Емирати и Виетнам се државите во кои Windows Phone се продава подобро од iPhone.

„Според податоците на IDC, Windows Phone се зацврсти на третата позиција кај производителите на телефони и е најбрзорастечка платформа водејќи ги сите оперативни системи со 156 отсто пораст во споредба со претходната година. Windows Phone е втор оперативен систем на 14 пазари, а во третиот квартал од 2013 година продадовме повеќе уреди од iPhone на 24 пазари“, вели претставник на Microsoft за Neowin.

Сепак, покрај успехот на Windows Phone на одредени пазари, платформата е далеку зад конкурентите на глобалната сцена, според податоците на IDC. Android убедливо води со 81 отсто од светскиот пазар.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments