EA Games со Origin е далеку по бројот на игри од Steam. Сепак иако генерално ова е недостаток, EA успеа да пронајде начин да профитира. Компанијата најави нов сервис Origin Access Premier со кој сите игри, дури и најновите ќе им бидат достапни на претплатниците.
Секако претплатата не е секогаш најдобриот избор, можеби некои игри нема да ви се допаѓаат, но ако купувате барем 2 игри годишно, пример FIFA и Battlefield 5, ќе поминете поевтино со претплата. Според најавата претплатата ќе чини 15 долари месечно, или 100 долари годишно.
За оваа претплата може да ги играте сите игри, и постарите игри кои и досега беа достапни за 5 долари со Origin Access. Но, и новите игри кои треба да излезат во иднина. Веќе за неколку месеци излегуваат првите игри кои ќе бидат достапни со претплата.
- A Way Out
- Unravel Two
- Madden 2019
- FIFA 2019
- Battlefield V
- Anthem
Coming later this summer – Origin Access Premier gets you new games like Battlefield V, FIFA 19, Madden NFL 19, and Anthem before launch. No trial, no waiting, just play. https://t.co/Rbo2Hnilwl pic.twitter.com/oa9YXjLo2y
— Origin (@OriginInsider) June 9, 2018
Она што е интересно е дека како издавач EA има помалку игри од Steam, можеби бројката на игри е слична со Ubisoft кој би можел наскоро да понуди слична опција. Дали оваа одлука на EA ќе направи некое посериозно поместување во начинот на кои се купуваат игрите ќе дознаеме наскоро.