Гејминг предлози за викенд и giveaway за тројца наши читатели!

Нашиот најнов гивавеј одлично се вклопува во пресрет на новогодишните празници. Како што можеби знаете, Lake е феноменална и крајно релаксирача игра, една од подобрите walking симулатори, со богата приказна и убава графика која одлично ги прикажува осумдесетите години на минатиот век.

Во Lake, вие играте со четириесет годишната Мередит и започнувате да разнесувате пошта во едно мало, тивко гратче. Ваша задача ќе биде да одлучите со кого ќе разговарате, со кого ќе се спријателите, па дури и со кого да навлезете во романтична врска.

Lake има 87% позитивни рецензии и ги импресионира поголемиот дел играчи со одличниот дизајн на светот, харизматичните ликови и впечатливата приказна. Ова допринесе играта да биде номинирана, а и да собере бројни награди во 2021 година.

Од неодамна, за Lake излезе првото DLC кое е создадено за новогодишните празници! Lake – Season’s Greetings се одвива во декември, 1985 година. Преку целосно нова приказна, играте со таткото на Мередит и извлекувате одговори на прашања кои беа наметнати во основната игра. Ќе запознаете нови ликови и ќе искусите дел од новогодишната магија во едно далечно, носталгично доба.

GIVEAWAY: Lake – Season’s Greetings

Gamious и IT.MK ги здружуваат силите за да подарат на три читатели по една целосна копија од Lake – Season’s Greetings!

Се што треба да направите е да пратите и-мејл на: [email protected]. Првите три мејлови што ќе ги добиеме ќе ги внесеме во системот и тие ќе добијат клучеви кои подоцна ќе можат да ги активираат на Steam.

Содржината на мејлот воопшто не е важна. Можете да ни пишете било што или апсолутно ништо. Доколку се чувствувате критички настроени, би ценеле да ни кажете што ви се допаѓа, а што не во нашите рецензии, текстови и дали би сакале нешто да промениме.

Независно од содржината, првите три мејлови ќе бидат и првите добитници! Среќно! :)

Повеќе детали за играта

  • Произведува: Gamious
  • ИздаваWhitethorn GamesGamious
  • Жанр: Авантура
  • Платформа: Microsoft Windows, конзоли
  • Излезена на: 15 ноември 2023

Што друго би можеле да одиграте викендов?

Prison City – Ретро инспириран платформер со вртоглава акција!

Prison City е игра со едноставна, но крајно забавна акција каде користите невообичаено оружје (chakrams) и бомби за експлозивен напредок низ ретро дизајнирани мапи.

Покрај, скокање, лизгање, качување и, на моменти, возење мотори, ќе се соочите со бројни непријатели и предизвикувачки босови. А, кога сме кај босовите, имате на располагање и таканаречен Boss Rush режим каде се натпреварувате во што е можно побрзо елиминирање на босовите.

Играта неодамна излезе за PS4/ PS5 доколку постојано сакате да наидувате на филмски референци од осумдесетите и деведесетите години на минатиот век.

Повеќе детали за играта

  • Произведува: RetrowareProgramancer
  • ИздаваRetroware
  • Жанр: 2D Platformer
  • Платформа: Microsoft Windows, конзоли
  • Излезена на: 29 август 2023

Hirilun – Mirror’s Edge во црно-бело руво

Најновото чедо на Gone Mad Studios е платформер со многу скокање, трчање и лизгање, се со цел да се пристигне до целта за што е можно побрзо време.

Hirilun неодамна излезе за конзолите и се покажа како одлично-оптимизиран наслов каде брзината е клучна низ бројните лавиринти, скриени улички и огромни згради.

Доколку сакате значително поедноставна верзија на Mirror’s Edge каде фокусот е на брзо трчање и користење поедноставни механики, Hirilun не е лоша отскочна штица.

Повеќе детали за играта

  • Произведува: Gone Mad Studios
  • Издава: Meridian4
  • Жанр: Parkour платформер
  • Платформа: Microsoft Windows, конзоли
  • Излезена на: 14 март 2022

Rallyallyally – Една од најчудните тркачки игри во последно време

Rallyallyally е мала, едноставна тркачка игра каде се тркате на пат кој вие го одмотувате и контролирате. Звучи чудно, нели? Подобро погледнете го трејлерот:

Во Rallyallyally играте како едно од многуте понудени возила. Фрлени на мапа, ваша задача ќе биде да го најдете клупчето кое е и патот кој треба да се одмотува и по кој треба да се тркате.

На овој начин, се создаваат можности за брзо и хаотично искуство каде вие сте во контрола на тркачката стаза. Ова е далеку од лесно и потребни се добри рефлекси и имплементирање бројни вештини за да не ви биде земено клупчето.

Имате на располагање 15 автомобили со променливи изгледи, како и неколку интересни моќи. Rallyallyally е интересен наслов за мрежно тркање за до осум играчи.

Повеќе детали за играта

  • Произведува: Hairy Heart Games
  • ИздаваHairy Heart Games
  • Жанр: тркачка, мултиплеер
  • Платформа: Microsoft Windows
  • Излезена на: 20 декември 2023

CRASH TEST IDIOTS 2 (MULTIPLAYER) – Многу забава за малку пари!

Уште една игра со автомобили, но од значително поразличен агол. Во CRASH TEST IDIOTS 2 (MULTIPLAYER), вие и вашите пријатели потребно е да тестирате (читај: УНИШТИТЕ) бројни превозни средства.

Потребно е да ги здружите силите и да ги искористите до максимум физичките закони во играта за да целосно, апсолутно и неповратно го уништите возилото. За таа цел, можете да возите низ бројни замки и свесно да се доведете во откачени и неверојатно опасни ситуации.

Наспроти името, CRASH TEST IDIOTS 2 (MULTIPLAYER) може да се игра и соло, но тоа не е тоа и во играта најмногу ќе уживате со вашите пријатели.

Повеќе детали за играта

  • Произведува: Archor Wright
  • Издава: Archor Games
  • Жанр: Car Sim
  • Платформа: Microsoft Windows
  • Излезена на: 14 декември 2023

Nuke Them All – Излезе демото за амбициозната TD стратегија

Финалната верзија на чедото на GameEraStudios сеуште не е излезено, но демото можете без проблем да го проверите од страната на Steam.

Nuke Them All влече инспирација од брзата акција на класичните RTS игри од деведесетите години на минатиот век, игри како Z, KKND, Command & Conquer: Red Alert, но и модерни класици како C&C Generals, Company of Heroes, and They Are Billions.

Стратегијата се одликува со уникатен дизајн и механики поврзани со освојување територии, отклучување тајни оружја и скриени технологии. Што повеќе територии освојувате – толку повеќе армија можете да создавате, како и да надградувате.

Временските услови влијаат на тоа какви непријатели се појавуваат, а, како што кажува името, ако успеете да освоите нуклеарен силос, ќе можете да фрлите нуклеарка и целосно да ја пеплосате нуклеарната тврдина.

Повеќе детали за играта

  • Произведува: GameEraStudios
  • Издава: GameEraStudios
  • Жанр: RTS, TD
  • Платформа: Microsoft Windows
  • Излезена на: непознато

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
1s3ct0wN
1s3ct0wN
8 months ago

Lake со ДЛЦ-то купена, супер збирка на игричина.

види ги сите огласи на kariera.it.mk