Во својот обид да креира некаква рамка за видеоигри Кина успешно ги уништува компаниите кои имаат некаква допирна точка со нивниот развој. За само неколку часа по објавувањето на новите правила за онлајн видеоигри во Кина, акциите на кинескиот гигант Tencent паднаа за 43 милијарди долари. Цената на сите кинески компании поврзани со видеоигри заедно падна за над 80 милијарди долари. Покрај Tencent, жртви на предлог мерките се и NetEase и Bilibili чии акции паднаа за 24,6 отсто, односно 9,7 отсто, пренесе Bloomberg.
Целта на промените се да се ограничи прекумерното играње на видеоигри за децата. Мерките не само што треба да го ограничат времето поминато во играње туку ќе влијаат и на ограничувањето на парите кои може да се потрошат во игрите.
Кои се промените?
Промените кои ќе бидат направени може да се поделат во неколку дела.
- Отстранување на функционалности кои ги охрабруваат играчите да играат секојдневно.
- Отстранување на елементи кои ги охрабруваат играчите да трошат пари.
- Отстранување на елементи од игри на среќа;
- Отстапки кон издавачите и креаторите на видеоигри.
Видеоигрите кои сакаат да бидат легални во Кина нема да смеат да имаат логин календар. За тие што не се запознаени ова е функционалност која ги наградува играчите за секојдневно логирање. Наградите се различни, но најчесто станува збор за дигитални добра кои се користат во играта.
Игрите кои излегуваат во Кина нема да може да им даваат никакво охрабрување на играчите да потрошат пари. Ова се однесува на бонуси за прво купување, но и на различни поволности од повеќе купувања. Дополнително, покрај овие ограничувања мора да биде поставен лимит за максимумот на колку пари може да бидат потрошени.
Нема да смее да има никакви понуди за популарно наречените „loot boxes“ за малолетници. Ова се своевидни дигитални кутии кои имаат различни награди. Најчесто имаат некоја многу мала шанса да го наградат играчот со ретки материјали, херои или козметика (skin). Игрите кои имаат имплементирано „loot box“ работите кои паѓаат мора да ги понудат и посебно од нив.
Ако играта затвори неискористените средства на играчите мора да им бидат вратени на играчите. Средствата не може да бидат вратени како кредит за некоја нова игра, туку мора да бидат вратени на истиот начин на кој што се купени.
Конечно регулаторите во Кина нема да можат неограничено долго да решаваат дали некоја игра ќе добие дозвола. Како мала отстапка за девелоперите сега ќе мора секоја одлука да ја донесат за најмногу 60 дена.
Во техничкиот дел, серверите за кинеските играчи на игрите ќе мора да бидат лоцирани во Кина.
Ова не е првпат властите во Кина да донесат ограничувања за видеоигри. Досега забрануваа стримови за деца под 16 години, а воведоа и строги ограничувања за времето за играње. Во август 2021 година, кинеските власти го ограничија времето за играње на децата на 3 часа неделно.
Кина е држава бе, а не оние лошине шали во западна европа, америка и нивниве wannabe