Нов викенд пред нас и нови предлози за тоа што би можеле да одиграте. За оваа прилика одбравме 3 нови игри кои можеби (не) би требало да ги проверите. Но, знаете што би можеле да проверите? Нашиот нов мега ГИВАВЕЈ!
ОГРОМЕН ГИВАВЕЈ – ОСТАНАА УШТЕ 36 КОПИИ ЗА STUFFED!
Доколку го посетите следниот линк, ќе можете да прочитате за нашиот најнов гивавеј каде ја подаруваме играта на TheGamePublisher.com и Waving Bear Studio – Stuffed!
Предлог #1 – Night of the Dead излезе од раниот пристап на Steam!
Комплексната игра со елементи на survival и tower defense конечно излезе од раниот пристап на Steam. Играта на Jackto Studios ве сместува во огромен свет каде охрабрува истражување, крафтање и преживување во постапокалиптични услови. Во свет полн со зомби чудовишта, потребно е да воспоставите ултимативна доминација така што ќе иградите импресивна тврдина и да се спротивставувате со бранови и бранови од зомби чудовишта кои се појавуваат секоја ноќ.
Фабрика за процесирање зомби чудовишта
Night of The Dead не е без мани. Анимациите не се веродостојни, енџинот делува послабо оптимизиран, а едноставните борби оставаат многу работи да се посакуваат. Но, постапокалиптичниот светот е мајсторски осмислен, полн со уникатни биоми, и со значајни механики кои ве охрабруваат да го истражувате секој агол. Користејќи најразлични огнени и ладни оружја, ќе елиминирате бројни суштества (вклучувајќи и босови), а ќе можете и да управувате со еден вид подвижна тврдина. А, тука е и ова:
…или ова:
или можеби ова:
Во поглед на Tower Defense механики, Night of The Dead апсолутно сјае и нуди неверојатно комплексни можности за градење, стратешко поставување замки и задоволително елиминирање на десетици и десетици суштества за само дел од секунда. Топла препорака!
Повеќе детали за играта
- Произведува: Jackto Studios
- Издава: Jackto Studios
- Жанр: Survival, TD
- Платформа: Microsoft Windows
- Излезе на: 31 мај 2024
Предлог #2 – Capes e уникатна TB стратегија со супер херои
Наспроти имешаните реценции, Capes навистина не е лоша игра. Но, бара посебна публика. Capes едноставно не е за сите, а остава впечаток дека би им се допаднала на сите фанови на turn-based тактики, особено на XCOM игрите.
Во свет во кој антихероите имаат воспоставено ултимативна контрола, ваша задача е да изградите тим од суперхерои и да пробате да се изборите за вашата независност и слобода. По едноставниот туторијал, кој ги објаснува основните механики за управување и водење битки, полека ќе започнете со напредување низ кампањата, навлегување во мисии за патролирање, или пак решавање споредни мисии. Независно од вашата активност, играта континуирано ќе ве наградува со нови вештини и нови херои, со што секоја наредна мисии добива димензија во зависност од избраниот тим и отклучените способности.
Од една страна, ни се допаѓа тоа што секој херои има арсенал од уникатни и импресивни способности. Во Capes, од клучна важност е да ги откриете силните и слабите страни на вашите херои, но и на непријателите. Потоа, потребно е соодветно да се поставувате на мапите, па дури и да експериментирате во заедничко комбинирање способности. Во секоја мисија навлегувате со тим од четири херои. Секој од хероите добива дополнителна способност која е директно врзано со пропратниот член од тимот. Сево ова е сосема ок, и фановите на комплексни turn-based стратегии би можеле да бидат пријатно изненадени од длабочината која може да се најде тука.
Но, од друга страна, приказната е полна со дупки и, на моменти, е исклучително наивно напишана. Дополнително, глумата знае да потфрли и уште повеќе да ја загрози имерзивноста. Овие две точки значително влијаат играта да биде сосема просечна, особено во подоцниот дел од играњето кога многу работи ќе почнат да се повторуваат, а слабата кампања нема сила да ве мотивира со репететивните активности.
Повеќе детали за играта
- Произведува: Spitfire Interactive
- Издава: Daedalic Entertainment
- Жанр: TB стратегија
- Платформа: Microsoft Windows
- Излезе на: 29 мај 2024
Предлог #3 – Cat Pipes е симпатична, мала игра која неодамна излезе и за XBOX
Мјау, мјау! Повик до сите љубители на уникатната комбинација од мачки и загатки. Cat Pipes е игра со минималистички дизајн и механики, но со релаксирачка атмосфера во која ќе ротирате најразлични цевки за да можете да ги насочите слатките мачиња до нивната цел.
Иако нема никаква голема филозофија во играта, Cat Pipes знае како да ја тестира вашата интелигенција, а потоа и да ја награди вашата трпеливост со пријатни звуци и разиграни мачиња. Во играта имате на располагање 45 стази!
Повеќе детали за играта
- Произведува: Tribus Games Indie
- Издава: Tribus Games Indie
- Жанр: загатки
- Платформа: Microsoft Windows, xbox
- Излезе на: 10 април 2023
Предлог #4 – Бесплатната HAWKED навлезе во втората сезона!
Шареноликата PvPvE акциона игра на MY.GAMES неодамна се поднови со нова сезона. Насловена како Issue #2: DARK ARRIVAL, сезоната додава нови непријатели, но и воведува дополнителни предизвици и исправки.
Покрај горе-споменатите новитети, Hawked се одликува и со нова сезонска пропусница со нови изгледи, како за вашиот лик, така и за оружјата и бројната опрема која ја користите. Но, 50 нивоа од награди се отклучуваат болно споро и јасно е дека сезонската пропусница е замислена да ве мотивира да воздивнете длабоко, да се предадете и да посегнете по паричникот за побрзо отклучување на напредокот.
Надвор од ова, додека сакате преубави, шаренолики светови за соло или заедничко истражување и пресметки, најновото надополнување на Hawked би можело да ве импресионира, нешто што се дополнително потврдува од релативно позитивните нови рецензии за играта.
Повеќе детали за играта
- Произведува: MY.GAMES
- Издава: MY.GAMES
- Жанр: PvPvE
- Платформа: Microsoft Windows, конзоли
- Излезе на: 15 февруари 2024