Почина Пол Ален, ко-основачот на Microsoft

во Свет

Основачот на Microsoft и филантроп, Пол Ален почина на 65 години. Г. Ален голем дел од времето, по 1982 година се бореше со не-Хочкинов лимфом, но oва не го спречи во филантропијата.

Тој е и првиот кум на Microsoft, кога компанијата во 1975 година го доби името Micro-Soft. Името требаше да помогне во препознатливоста на компанијата која изработува софтвер за „микро сметачи“. Во овој период овој термин се користеше за да се направи разлика помеѓу помалите компјутери и тогашните компјутери кои зафаќаа цела соба. Бил Гејтс за ABC News изјави дека г. Ален е еден од неговите најстари пријатели:

„Од најраните денови во Училиштето Лејксајд, преку партнерството во Microsoft, до заеднички филантропски проекти низ годините, Пол беше вистински партнер и драг пријател. Персоналните компјутери немаше да постојат без него.

Но, Пол не се задоволи само со една компанија. Го насочи својот интелект и сочувство кон уште еден акт, фокусиран на подобрување на животите на луѓето и зајакнување на заедницата во Сиетл. Сакаше да каже: „Ако има потенцијал да се направи добро, тогаш треба да го направиме.“ Тој беше таква личност.

Пол го сакаше животот и луѓето околу себе, а ние го ценевме за возврат. Заслужи многу повеќе, а неговиот придонес во светот на технологијата и филантропијата ќе живее со генерации. Ужасно ќе ми недостасува.“, вели Г. Гејтс.

Г. Ален донираше над 2 милијарди долари во непрофитни организации кои работат на напредокот на науката, технологијата, образованието, животната средина и уметноста.

„Секако има исклучително важна улога во она што го разбираме како денешен Сиетл, град на технологијата, недвижности и на специфична локална култура со меѓународна препознатливост“, вели професорката Маргарет О’Мара за New York Times.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk