Гејминг новости од минатата недела #53

Avatar img-thumbnail img-circle

во Веб, гејминг

Kои настани и новости ја одбележаа гејмерската индустрија неделава? Добредојдовте во најновиот извештај за вашето омилено хоби, педесет и трето издание.

Playerunknown’s Battlegrounds се има продадено во над 20 милиони копии. Дека продажбите продолжуваат со полна пареа, сведочи и фактот дека пред само два месеци авторите се пофалија со 10 милиони продадени примероци. По се изгледа, на играчите не им премногу сметаат проблемите со хакерите и злоупотребата на системите, затоа што често се случува да играат околу 2.5 милиони играчи во кое било време. Студиото Bluehole, не сака да застане тука и ја открија нивната нова игра. Ascent: Infinite Realm или AIR е ММОRPG игра сместен во свет кој црпе инспирација и од висока фантазија и од стимпанк.

Горната вест покажува дека battle royale режимот на играње е исклучително профитабилен. Токму поради тоа, не изненадува одлуката на Crytek да воведе ваков мод и во нивниот футуристички шутер Warface. Авторите планираат имплементација на battle royale веќе од следното надополнување, со формула која ќе биде идентична на таа од PUBG. Во меѓувреме, играта Fortnite ужива монументална слава токму поради ваквиот потег.

Pillars of Eternity: Definitive Edition ќе излезе на 15.ноември, а од студиото се изјаснија дека во 40 долари ќе бидат вклучени и двата дела од огромната експанзија, како и сите додатоци од досегашната Royal Edition, односно официјалната музичка подлога, дигитална книга и новела од универзумот. Покрај ова, ќе добиете и ново DLC, Deadfire Pack, и неколку додатоци и портрети за играта.

Gothic 2 изминатава недела доби мод кој воведува 250 часа кампања, над 300 нови квестови, 100 нови NPC ликови и бројни оружја, опрема и способности низ осум нови и огромни локации. Тимот од руските фанови ја има значително подобрено графиката и одредени делови од основната кампања. Единствен „недостаток“ е можеби тоа што ликовите зборуваат на руски јазик, но сè што се зборува е пропратено со титлови на англиски.

Nuclear Throne го доби последното, 99 надополнување за играта. По неколку години закрпи, последното од нив не воведува нови содржини, но ги подобрува перформансите, го олеснува модирањето и балансира бројни работи. Nuclear Throne и понатаму ужива неверојатно позитивни рецензии од играчите, што дополнително зборува за посветата на тимот. За сите новитети, упатете се тука!

Space Pirates and Zombies 2 излезе од раниот пристап, така да, доколку бевте пријатно изненадени од инди хитот од 2011 година, би можеле конечно да се втурнете во двојката. Пред да го направите тоа, ви препорачуваме да го проверите бесплатното демо или пак да го одгледате најновиот трејлер за играта.

Mass Effect серијалот слави 10 години постоење. Во чест на годишнината, студиото BioWare објави Ten Years of Mass Effect видео каде прави осврт на целиот серијал и на работите кои ги истакнале игрите како исклучителна форма на забава. Видеото завршува со ветување на една светла иднина за сите фанови, што, со оглед лошиот помин на последната игра, Andromeda, е тешко за верување.

Издавачите Electronic Arts го купија студиото Respawn за 400 милиони долари. Respawn се девелоперите на серијалот Titanfall. Основачите на оваа студио се, всушност, ко-основачи на Call of Duty студиото Infinity Ward. Од ЕА и Respown ветуваат дека ќе се втурнат во заедничка мисија која ќе вроди поголеми и подобри игри. Веста доаѓа набргу по распуштањето на студиото Visceral Games.

Производителите на војното возило Humvee ги тужи издавачите Activision, затоа што Activision немале дозвола да го користат возилото во Call of Duty игрите. Humvee возилото е ударно во одредени мисии во Modern Warfare 1, 2, 3, Black Ops 2, Ghosts и Heroes, како и во бројни промоции надвор од дигиталниот простор. Поради ова, производителите на Humvee бараат исправка на злоупотребата во форма на нешто што, претпоставуваме, има прикачено многу нули.

На некое друго место, Wolfenstein 2: The New Colossus доби закрпа со нова епизода, десет нови борбени симулации и бројни исправки, се најави Total War: Rome 2—Empire Divided DLC за 30.ноември, Io Interactive потврди дека се работи на нова игра во Hitman универзумот, најновото DLC за Injustice 2 ќе дозволи да се игра со нинџа желките, а RPG играта Vampyr нема да има DLC содржини.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments