Добри три години како Windows 10 го форсира Game Mode како корисна алатка за зголемување на перформансите на вашите игри. Едноставно кажано, алатката го отсекува пристапот до ресурси кои се непотребни за време на играта и се врши приоритизација на ресурсите за извлекување повисоки перформанси при играњето. Иако Game Mode не може да направи чудовиште од вашето скромен компјутер, сепак знае (минимално) да влијае на искуството при играње.
Во последно време, меѓутоа, се повеќе и повеќе гејмери велат дека имаат значителни проблеми со перформансите кога е овозможен Game Mode. Симптомите се чести замрзнувања кои знаат да бидат значително позастапени кај одредени игри како Call of Duty: Warzone и League of Legends. Точната причина за намалување на перформансите сеуште не е јасна, но некои корисници шпекулираат дека е поради GPU драјвери за AMD Radeon RX 5000. Ова, меѓутоа, е далеку од изолиран „инцидент“ затоа што кружат поплаки и од голем број сопственици на постари Radeon картички, како и на некои карти на Nvidia. Се претпоставува дека е можно да се јавиле копликациите од последното надополнување на Windows, но сите корисници велат дека искуството им било видно подобрено со деактивирање на Game Mode.
Поради тоа, можеби не е лошо да направите и вие краток експеримент, особено доколку забележувате неосновани замрзнувања и пад на перформансите. Упатете се во Settings, па Gaming, кликнете на Game Mode, па на опцијата off.

[…] нешто повеќе од година дена пишувавме за тоа како Game Mode може да ги намалува перформансите во […]