Футуристичкиот шутер Titanfall ги одушеви и играчите и критичарите

Кога се во прашање видео игрите Titanfall е единствена игра која ги полни медиумите оваа недела. Oвој футуристички шутер излезе на 11 март, и веќе допринесе да се продадат еден милион Xbox One конзоли. Titanfall не само што ги доби првите рецензии од гејминг и ИТ порталите, туку и голем дел од козервативните медиуми побрзаа да излезат со своите први прегледи. Покрај минималните забелешки Titanfall засега нема добиена лоша критика и речиси сите ја претставуваат како најдобрата мултиплеер FPS игра досега.
[youtube]xeg2Xg0u5rA[/youtube]

Titanfall го претставува конфликтот помеѓу две фракции, Interstellar Manufacturing Corporation и Frontier Militia кои се во постојан конфликт и не бираат средства во меѓусебниот натпреварот. За жал ова е единствената приказна во играта, а дури и кампањата која е клучна во останатите игри во Titanfall е мултиплеер. Играчите се во улога на пилоти на огромни роботи и иако дел од времето го поминуваат играјќи со пилотите, сепак Titanfall е креирана за играње со огромните титани, кои треба да претставуваат идна верзија на тенкови. Пилотите не се целосно немоќни кога е во прашање борбата со титаните бидејќи покрај стандардното оружје доаѓаат опремени и со специјално оружје за одбрана од роботите.

„Темпото на играта е брзо, а мапите се такви што дозволуваат играчите да рипаат и да трчаат по ѕидови преку теренот навистина брзо… Вклучувањето на титаните е новитет и додава ново ниво на стратегија и помага да се потикнат некои од најдобрите моменти во играта…“, вели USA Today кој ја оцени играта со 4/4.

Gamespot, кој ја оценува играта со 9 од 10, вели дека играта одушевува со брзиот и несекојдневниот, свеж гејмплеј, кој е чекор понапред од сите други игри во жанрот.

„Искуство додека играње Titanfall подмладува и заживува. Брзината на спринтовите, оружјата, модовите на играта и многу повеќе сите се изведени од некои од најуспешните онлајн FPS игри последните неколку години. Но со промени на начинот на кој се движат, Titanfall го променува искуството на играње на FPS. Aкција испреплетува убаво со бруталените и тактички битки помеѓу Титаните, креирајќи боиштата преполни со различни можност.“

ExtremeTech е редок случај кој потсетува дека не е се совршено кога е во прашање играта, и можеби повторно се поставува прашањето дали постоењето на наслови кои се ексклузивни за онлајн играње е оправдано. Првата замерка која ја имаат е резолуцијата од 1408х792 која ја има играта, со оглед на изгледот на играта тешко дека некој сериозно ќе замери поради ова. Вториот проблем е поголем кога станува збор за стабилноста на серверите, не постои никакво оправдување во денешно време, за наслов кој е ексклузивно онлајн да има проблем со серверите.

[youtube]caiIamHIzBY[/youtube]

Сепак најважно е како се чувствуваат играчите додека играат и тоа не само кога победуваат, туку и кога ќе загубат.

„Titanfall навистина се обидува да направи да се чувствувате добро, дури и кога работите не се одвиваат најдобро. Кога ќе загине карактерот, потребни се неколку секунди за да се вратите во играта, пред да експлодира титанот имате доволно време да се катапултирате а дури и кога ќе загуби тимот, секоја партија завршува со епилог во кој поразените се обидуваат да избегаат од борилиштето“, пишува Verge, чија единствена замерка е недостатокот на разноликост кога се во прашање модвите за борба.

Се чини дека од успехот на Titanfall, најголема заработка ќе има и Microsoft. Според вести од компанијата, излегувањето на играта помогна во поттикнувањето на продажбата на Xbox One, кој проценуваат дека најавата на Titanfall помогнала да се продадат 1.000.000 конзоли.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments