Futuremark работи на бенчмарк за виртуелна реалност

0 коментари 1 мин. читање

Futuremark работи на тест платформа за уредите за виртуелна реалност. VRMark ќе биде бенчмарк алатка за тестирање на можностите на Oculus Rift, Project Morpheus, но и куп други уреди за виртуелна реалност кои се во различни фази на развој.

Како и остантите слични алатки и VRMark ќе овозможува анализа, споредба и мерење на перформансите на различните уреди. Покрај видеоигрите алатката ќе овозможува мерење и при процесирање на слики, видео или симулации, јави The Next Web. Освен овие параметри VRMark ќе мери и дел од податоците кои се специфични за овие уреди, доцнењето и брзината на реакција се дел од нив, а премногу доцнење може да биде клучно за неуспех, бидејќи ќе предизвика морска болест кај корисниците.

Futuremark кој се креатории на 3DMark и PCMark се надеваат дека нивната иницијатива ќе овозможи стандарди, преку кои здравјето на корисниците, безбедноста и искуството додека играат, ќе бидат заштитени.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед