Биткоините се омилена валута на киднаперите на украдени податоци

Кога имате крипто-валута која е тешко да следи, тогаш имате и проблем? Според New York Times кој се повикува на соопштение од FBI, сега на киднаперите има е олеснето барем кога е во прашање исплаќањето на откуп. Доколку ги замисливте жртвите како деца или жени, тогаш обидете се повторно. Хакерите сега „киднапираат“ купишта украдени податоци од милиони компјутери или веб страни, иако и заканите за физичко насилство се присутни – во замена за овие податоци бараат исплати во биткоини во противредност која често надминува 20.000 долари.

Колкави се приходите? Група напаѓачи за која се верува дека потекнува од Русија и Украина за еден месец успеала да „заработи“ над 16,5 милиони долари, а нивните жртви најчесто се компании од САД. Еден од нападите кои групата ги користи е криптирање на податоците на комјутерите на корисниците и тоа податоци кои најверојатни никој не ни помислил да ги заштитува – фотографии, видеа, документи. Хакерите податоците ги криптираат и ги оставаат на компјутерот барајќи „откуп“ за нивно отклучување. Откупот без исклучок е во биткоини, а пораката доаѓа со закана дека клучот ќе биде уништен за 72-часа. Овие типови на напад се актуелни од крајот на 2013 година кога се појави малициозен софтвер познат како CryptoLocker. Зад овие напади стоеше Евгениј Богачев кој го рашири софтверот на 234.000 компјутери.

Повеќе компании од САД добиле закани дека доколку не исплатат различни суми најчесто над 10.000 долари нивните сајтови ќе бидат цел на сајбер напади, а доколку се одлучат да ги исплатат средствата, остануваат со ветувањето дека никогаш повеќе нема да бидат нападнати од истиот сајбер-криминалец. Едно од можните решенија кои доаѓаат од биткоин заедницата е можност за дигитално одбележување на крипто-валутата која ќе се користи за исплаќање на откуп или уцени. Но ова од друга страна ќе креира можност за следење на виртуелните монети, штп не е сценарио кое го посакуваат биткоин ентузијастите.

Сепак се чини извесно дека доколку продолжи злопотребата на крипто-валутите како на „скриениот интернет“, барање за откуп или било какви идеи да дојдат во иднина, дури и да не сакаат, законодавците ќе мораат да ги регулираат.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk