Француската пошта тестира достава на писма со беспилотни летала

во Свет

Додека во Македонија чекаме по недела дена за писмо од друг град одалечен само триесетина километри, LaPoste започна со тестирање на беспилотни летала за испорака на пратките. GeoPost објави дека првата фаза од тестовите е завршена, а во текот на тестовите леталото успешно полета, ја следеше рутата, слета и повторно се врати на местото на полетување.

Во текот на тестот беспилотното летало пренесе пратка тешка 2 кг, на растојание од 1.200 метри. За сега нема најава дека поштата ќе започне да ги користи овие летала, а и законот во Франција забранува управување и летање на дронови над места со поголема густина на населеност. Француската пошта LaPoste е последна во низата компании кои се заинтересирани за користење на беспилотните летала, тренд кој започна со Amazon и Google кои сакаат беспилотните летала да ги користат за достава на производи.

[youtube]jX6YCbn2xcM[/youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk