0 коментари 2 мин. читање 3 март, 2017

LG го презентираше LG SteamWorks, нова виртуелна реалност за Steam

LG работи на Steam VR сет, објави LG на Games Developers Conference. Компанијата ќе биде прва по HTC која ќе претстави свој уред за виртуелна реалност за најпопуларната платформа.

LG Steamworks веќе има и прототип кој можеше да се види на Games Developers Conference. Иако е во рана фаза, истиот веќе има неколку подобрувања во споредба со HTC Vive, јави ArsTechnica.

Најголема предност на LG уредот за виртуелна реалност е во удобноста. HTC Vive поради повеќе оправдани причини е обвинет за претежок за носење веќе подолго време. Самиот уред премногу лошо ја распоредува тежината. Трите кабли кои влегуваат се премногу крути, а и лентата со која се прицврстува за главата е премногу крута. Со LG VR дел од овие проблеми се надминати. Целиот уред балансира на челото и е многу поблизок до Playstation VR. Наместо 3 има само 1 кабел, а дури и делот кој се лепи за лицето за да не влегува светлина е малку поместен, па целиот уред е покомотен. За разлика од сите други уреди, на LG може да се поместат само очилата за да ја разгледате собата без да ја симнувата целата кацига.

Сетот за виртуелна реалност доаѓа со еден дисплеј, кој е поделен на два дела. Секој дел е со 1.440 х  1.280 резолуција. Аголот на гледање останува ист како и HTC Vive, 110°. Засега нема доволно податоци за уредот, но најверојатно многу повеќе податоци за овој и други уреди ќе има на E3 во јуни.

Од LG планираат сетот за виртуелна реалност да го пуштат во продажба кон крајот на 2017.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top