(Ова е рецензија објавена на форумот на IT.mk од Сашко Димитријевиќ. За дискусија, слики и прашања, повелете на форумот.)
Ова е рецензија на веројатно еден од најпосакуваните гејминг лаптопи кај нас, неговото височество: Alienware.
Благодарение на Anhoch имаме чест да уживаме во него.
Како што рековме, станува збор за еден од најдобрите и најпосакуваните гејминг лаптопи со традиција. Изгледа како да излегол од некоја сцена на научно-фантастичен филм. Добро препознатлив изглед, карактеристичен за оваа серија на лаптопи и многу новитети во однос на неговиот претходник, но да одиме по ред.
Одлично спакуван, баш како што доликува на еден високо квалитетен производ:
Лаптопот и полначот:
Со самото отворање на кутијата, се забележува добро препознатливиот вонземјанин – заштитниот знак на брендот.
Лаптопот е изработен во комбинација од темно сива и црна боја, алуминиум и пластика која е мека и пријатна на допир. Првичниот контакт ни остава впечаток дека станува збор за квалитетни материјали. Внимавајте, лаптопот не е лесен и можете да се изненадите од неговата тежина, отприлика 4.5 килограми.
Класичен изглед од горната страна и поглед од долната каде што се забележуваат и отворите за ладење:
Првичен поглед и пред нас излегува прекрасниот 17 инчен IPS екран со резолуција FHD 1920 x 1080 пиксели:
Ќе забележите уште еден новитет: логото на Alienware кое што свети и е малку редизајнирано за да има модернистички изглед, осветлен тракбол, како и светлечка тастатура која што овозможува комфорт во ноќното играње. На самите рабови од лаптопот има светлечки ленти, а доколку не ги сакате овие фенси додатоци, едноставно можете да ги исклучите. Сепак на еден начин тие му даваат специфичен и уникатен изглед на самиот лаптоп.
Технички спецификации
Моделот кој што го имавме кај нас беше со следнава конфигурација:
- Процесор: Intel® Core™ i7-6820HK процесор 8M Cache, до 3.60 GHz
- Екран: 17.3 инчен FHD (1920 x 1080) IPS Anti-Glare 300-nits
- Меморија: 16GB DDR4 at 2400MHz (2x8GB)
- SSD: 256GB PCIe SSD + 1TB 7200RPM SATA 6Gb/s
- Графика: NVIDIA® GeForce® GTX 1080 со 8GB GDDR5X
- Wireless: Killer 1435 802.11ac 2×2 WiFi и Bluetooth 4.1
- Батерија: Lithium Ion (99 Wh)
- Оперативен Систем: Windows 10 Home (64Bit) English
- Тастатура: Со позадинско осветлување
- Приклучоци: 1 DC-in џек, 1 RJ-45 Killer Networks e2400 Gigabit Ethernet порт, 1 Type-A SuperSpeed USB 3.0 порт, 1 Type-A SuperSpeed USB 3.0 порт со PowerShare технологија, 1 Type-C SuperSpeed USB 3.0 порт, 1 Thunderbolt™ 3 порт (USB Type-C™ со поддршка за SuperSpeed USB 10Gbps, 40Gbps Thunderbolt, и DisplayPort), 1 Alienware Graphics Amplifier порт, 1 HDMI 2.0 аутпут, 1 Mini-Display порт 1.2 (certified), 1 Audio Out 1/8″ портови (компатибилни со inline mic headset), 1 Headphone 1/8″ Port (retaskable for Microphone/Line-In analog audio input), 1 Noble Lock порт (кабелот и катанецот се продаваат засебно)
- Тежина: 4.42 kg
Да почнеме од она за кое што релативно многу критичари го сметаат како еден недостаток можеби, а тоа е екранот. Имено R4 доаѓа со IPS FHD eкран со резолуција од 1920 х 1080 пиксели. По мене ова е одлична резолуција за 17.3 инчен екран, како за работа, така и за играње. 4К би бил нормално подобра опција, но доколку имаме потреба за работа во некои програми, како на пример Adobe пакетите, ќе имаме проблем со резолуцијата и преситните менија.
Екранот е со добра калибрација на боите и во тој поглед немаме никаква замерка. Истото важи и за аголот на гледање, како еден од најважните фактори кога станува збор за хардвер од висока класа. Еве една споредба како тоа изгледа, односно разликата е повеќе и од очигледна:
Лаптопот се испорачува со најновата серија 10 на Nvidia GPU, поточно GTX 1080 GPU, која се смета во моментот за “top of the line” графика. Со цел да се заштеди батеријата, Dell сѐ уште нудат опција за префрлање на дедицираната графичка и гејминг графичката картичка преку функциски тастери со цел подолго траење на батеријата.
Во тек на тестирањето добивме впечаток дека батеријата трае релативно добро, но се разбира во зависност од тоа што се работи на лаптопот. Просечното време на траење на батеријата беше околу 5 часа. Тестираниот модел доаѓа со батеријата која што има поголем капацитет, поточно Li ion – 99Wh. Напојувањето е исто така еден битен фактор кога станува збор за лаптоп од ваков калибар, а истото е од 240W.
R4 доаѓа со инсталиран Windows 10 Home и 6-та генерација на Intel Skylake процесор со потрошувачка од 45W, поточно i7-6820HK процесор.
Истиот има 16Gb DDR4 RAM меморија, а вкупно поддржува 32. За системски диск имаме 256 GB SSD и 1ТB 7200 RPM HDD. За безжичното поврзување е задолжена Killer 1435 802.11ac 2×2 WiFi and Bluetooth 4.1 картичката.
Останатите набројани порти се распоредени на задната, левата и десната страна од лаптопот.
На предната страна немаме никакви приклучоци:
Нема да ја заборавиме ни Tobii eye-tracking опцијата која што е воведена за да може да ги следи движењата на нашето око. Сепак ние сѐ уште сме за класичното играње. Повеќе за Tobii eye-tracking можете да прочитате на: Tobii Tech – What is eye tracking?
Тастатурата има позадинско осветлување и има одличен клик. Не е премногу краток, не е премногу долг, едноставно по нашиот критериум е совршена. Во однос на рацете има одлична поставеност и немавме никаков проблем со користењето на истата.
Ладењето е една повторно важна работа кога станува збор за вака моќен хардвер спакуван во толку мало куќиште. Конструкцијата на новото куќиште, редизајнираното ладење во однос на претходниот модел имаат огромна улога. Скоро и да не се чувствува преголема топлина и при користење на најзахтевни апликации и игри. Со еден збор ладењето е одлично обезбедено и решено. Зад решетките се забележуваат и вентилаторите со внимателно дизајнираните перки задолжени за доток на свеж воздух. Но и покрај тоа, наш совет е лаптопот секогаш кога е тоа можно да се постави на место на кое што ќе има соодветна и добра вентилација.
Во однос на бучавата која што се создава со максималното вртење на вентилаторите, можеме да кажеме дека е поднослива. Истата ја има кога се играат игри и кога системот е максимално оптоварен. Но благодарение на графичкиот чип кој нема голема дисипација на топлина, со нормално користење на лаптопот нема покачување на температурата, па така фановите работат во нормален режим и бучавата од нив дури е и неприметлива.
Исто така важен фактор во намалувањето на температурата кај процесорот дури и до 20 степени, е редизајнираниот систем за ладење кој обезбедува максимален контакт со куќиштето на процесорот и ефективно одведување на топлината.
Заклучок
Alienware и овој пат направи лаптоп со одлични гејмерски перформанси, солидно и квалитетно куќиште, можеби најтенко во неговата класа, ново и редизајнирано ладење. Вграден нов и квалитетен хардвер, добар FHD екран од 17.3 инчи. Опремен со доволен број портови и приклучоци. Добра тастатура и одлично чувство на допир. Батерија која што одлично се покажа и во целост ги задоволува потребите во поглед на имплементираниот хардвер. Навистина не успеавме да најдеме недостатоци и маани. Со еден збор прекрасно парче хардвер кое што секој гејмер би го посакал да го поседува.
- Голема благодарност до Anhoch за отстапениот модел за тестирање.
Anhoch PC Market Online – Notebook Dell Alienware 17 R4 Intel® Core™ i7-6820HK Processor 16GB/256GB SSD + 1TB HDD/GTX 1080 8GB - Подетални информации за производот можете да најдете на официјалниот сајт:
Alienware 17 Gaming Laptop Built for Virtual Reality | Dell United States - Тема на ИТ Форум за дискусија за лаптопот:
https://forum.it.mk/threads/dell-alienware-17-r4.64610/