0 коментари 1 мин. читање

FoodGuru е нов стартап за достава на храна

Нов сервис за достава на храна им е достапен на граѓаните на Скопје. FoodGuru е сервис за достава на јадење кои има повеќе партнери чија храна се испорачува.

Сервисот е своевидна современа продавница за храна, од која може да порачате различни јадења кои и не мора да се од ист ресторан. Ова значи дека може да порачате ручек од едно, а десерт од друго место.

Она што се гледа поретко е дека за секој сендвич, пица или хамбургер има опции кои корисникот може да ги додаде или отстрани од сендвичот, на пример кашкавал, кечап, лук и слично. Овде корисниците веројатно ќе забележат дека има недостатоци, на пример може да нарачате пица без тесто или тортиља без тортиља, што е малку чудно.

Цената која купувачот ја плаќа за секој производ е иста како во рестораните, FoodGuru единствено наплаќа за доставата.

Како оди целиот процес на нарачка/достава?

Прилично едноставно. Најпрво корисникот одбира производ кој сака да го купи од категориите, на пример „пица и пастрмајлија“, потоа од тука го одбира производот и состојките и состојките.

На крај кога корисникот е задоволен со порачката одбира „порачај“ и ја чека доставата. Според она што може да го видиме на страницата доставата вообичаени трае 45 минути.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top