0 коментари 2 мин. читање 7 декември, 2011

Evernote претстави две нови апликации – Food и Hello

Сервисот за фаќање белешки и архивирање на најинтересните нешта од Веб, Evernote, стартуваше две нови интересни апликации Food и Hello.

Food за iPhone е интересна апликација за одбележување на сите интересни моменти врзани со храната. Aпликација овоможува да се слика храната и да се зачува моментот, заедно со состојките од кои е направена храната, да се сподели на друштвените мрежи. Food е автоматски синхронизирана со Evernote профилот кој е достапен од други уреди.

[youtube]63JGQNCAwYQ[/youtube]

Hello за iPhone e слична апликација како Food, но наместо храна, се користи за зачувување на новите пријателства.

Пример, запознаете некој нова личност која ви се допаѓа, сликнете го и дајте му го вашиот телефон да си ги запише своите информации, како контакт мејлови или друштвени профили за да можете покасно да се најдете со него во виртуелниот свет. Може да побарате од новиот пријател и самиот да се слика со вашиот телефон.

Откако ќе се внесе имејл Evernote автоматски праќа имејл до новиот пријател со ваши информации. Така на многу едноставен и корисен начин имате контакт од нов познаник, пријател или бизнис партнер.

Како и со Food, и Hello се автоматски синхронизира со корисничкиот Evernote профил.

[youtube}8MIX-iTFVJk[/youtube]

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top