Сликите се зголемени за 28 отсто и се со малку зголемена резолуција. Исто така сега ако кликнете на фотографијата, таа ќе се појави со затемнета позадина што овозможува добар преглед на сликата без да бидете замајувани со нештата од страна.
Навигацијата е исто така подобрена. Сега со напрeд и назад копчињата се менуваат сликите. На десната страна сега се наоѓа мени за групирање, па ќе можете да прегледувате слики според контекстот.
Додадена е и локација на сликата. „Приказната“ како што Flickr ги нарекува кој, кога, каде, што и како прашањата за сликата можат лесно да се додадат на сликите. Тие „приказни“ исто така ќе можат да се групираат.
Дополнително, Flickr сега е подобро оптимизиран и страните се отвараат побрзо. Во секој случај одлични промени на омилениот-за-милиони сајт за фотографии.