ФИТР грантови: М-Букинг Софт со Ајде на одмор, софтвер за онлајн резервации на туристички услуги

во feature, ИТ.МК

Овој текст е дел од серијалот “ФИТР грантови” во кои што ги контактиравме фирмите кои имаат ИТ решенија од 79-те добитници на последниот повик за грантови на ФИТР. Идејата зад серијалот е јавноста подобро да се запознае со компанијата, продуктот и очекувањата поврзани со грантовите.

ИТ.МК се обиде да стапи во контакт со сите компании од ИТ секторот и нивните одговори ќе ги објавиме како што пристигнуваат.


На прашањата одговори Игор Арсовски ко-основач на Ајде на одмор.

Споделете со нас неколку информации за вашата компанија… кога е основана, примарна дејност, тековни клиенти или слично… или ако е ново основана, која е структурата и од кого е основана?

Компанијата е основана во 2012 година, работи во ИТ сферата каде дизајнира и развива софтвер за онлајн резервации на туристички услуги.

Дали може да ни кажете нешто повеќе за проектот за кој добивте финансии од ФИТР? За каков точно проект станува збор?

Средствата добиени од ФИТР ќе овозможат доработка, унапредување и комплетирање на софтверскиот продукт на кој работи компанијата, достигнување на Product-market-fit ниво, односно обезбедување на максимална вредност од неговото користење кај корисниците.

Колку време и до кој степен е во развој? Кога најрано би можеле да очекуваме MVP (minimum viable product) од продуктот достапен за јавноста?

До овој момент се вложени 4 години во анализа на пазарот, развој на прототип и развој софтверско решение кое е започнато комплетно од почеток, врз база на успешните резултати од прототипот, согледувајќи ги и исправајќи ги неговите грешки.

Времетраењето на проектот за кој е добиено финансирање од ФИТР е 2 години, после кои очекуваме финална верзија на софтверот.

Дали производот/услугата што планирате да го развиете е за домашен или интернационален пазар? Која е вашата примарна целна група?

Целна група се крајните корисници на кои ќе им биде овозможено онлајн букирање на туристички аранжмани кои се продаваат од страна на тур-операторите.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk