Марк Фарид сака да помине 28 дена во виртуелна реалност живејќи како некој друг. Марк е уметник и целото доживување ќе биде дел од инсталација, а посетителите на галеријата ќе можат да го видат, иако тој поради VR-сетот и слушалките кои спречуваат влез на звуци освен тие од виртелната реалност, нема да биде свесен за околината. Идејата звучи лудо, но засега, за да стане реалност проектот на г.Фарид на Kickstarter треба да собере 150.000 фунти.
24 часа дневно во текот на 28 дена уметникот Марк Фарид ќе носи сет за виртуелна реалност низ кој ќе го искуси животот преку очите на друг човек – оваа личност ќе биде позната како другиот. Марек нема преходно познаство со оваа личност, едниствено знае дека другиот е хетереро сексуален маж, кој е во врска. Снимките на другиот ќе бидат праќани до Mарк кој ќе живее во простор во кој нема ништо освен кревет, туш и тоалет. Една од причините поради која г. Фарид побара „другиот“ да не живее сам е бидејќи во овој случај би било претешко да знае што прави другиот, дури и кога само би отишол во продавница. Вака можеби преку разговор кој другиот го води со девојката со која живее г. Фарид може да дознае што се случува.
Ова не е прв пат Марк да живее како некој друг, неговото претходно искуство траеше 24 часа. „Читаше на комјутер многу. Отиде во паб… требаше да биде состанок на слепо, но таа не се појави“, вели г.Фарид за своето претходно искуство. Сепак за експериментот кој ќе трае 28 дена Марк има пообемен план, така сака другиот да отиде на фудбалски натпревар и да скока со банџи, како би можел да види дали може навистина да поверува во ова. Очекувањата на г.Фарид е дека по изминувањето на 28-те дена ќе биде некој друг, ќе има сеќавања кои не ги доживеал, но се надева и дека ќе се добие со дел од перспективата на животот на другиот.







