Firefox ги штити корисниците од прибирање на податоци

во Веб, Вести

Image courtesy of Mozilla

Facebook Container е add-on за прелистувачот Firefox кој оневозмжува Facebook да ги прибира податоците на корисниците. Станува збор за алатка која овозможува безбедно користење на најголемата друштвена мрежа.

Како корисник на интернет, заслужувате глас и треба да бидете во можност да го користите интернетот под свои услови. Неодамнешните настани за тоа како агрегацијата на кориснички податоци може да се искористи на изненадувачки начини, не натера да создадеме додаток за Firefox наречен Facebook Container. Базиран на технологијата на која работевме во последните неколку години, забрзавме како одговор на она што го гледаме во услови на зголемена побарувачка на алатки кои помагаат во управувањето со приватноста и безбедноста.

Она што го овозможува алатката е креирање на посебен контејнер за Facebook. Така друштвената мрежа се изолира од остатокот на интернет активностите на корисникот. Значи не станува збор за алатка која го оневзможува Facebook. Друштвената мрежа и понатаму може да испраќа реклами до корисникот. Она што е оневозможено е следење на корисникот на останатите страници кои не се Facebook. Друштвената мрежа користи куп различни методи за следење на корисниците и додека тие не се на нејзините страници за подобро таргетирање.

Еден од начините на кои друштвената мрежа ги следи луѓето е преку копчињата за споделување на содржини. Но, екстензијата не го дозволува ова. Копчињата немаат пристап до содржините надвор од контејнерот во кој им е дозволено да функционираат. Ова ќе оневозможи и користење на Facebook за логирање на некој сервис. Дополнително, никаква функционалност на Facebook, „лајк“ копчиња и слично, нема да функционираат надвор од контејнерот.

Предноста на користењето на Facebook Container е што на пример, помалку податоци на корисникот ќе бидат лесно достапни. За жал и со инсталиран додаток ќе бевме жртви на неодамнешниот скандал со Cambridge Analytica.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments