Излезе Firefox 20 со поголема контрола врз приватноста

во Веб, Софтвер

Mozilla вчера ја објави својата 20-та верзија на својот прелистувач Firefox за Windows, Mac, Linux и Android. Едни од главните промени во оваа верзија се поголемата контрола врз приватноста и новиот менаџер за преземање кој сега се наоѓа на лентата со алатки.

Што се однесува до приватноста, отсега Firefox поддржува приватни табови, односно истовремено ќе можете да прелистувате преку приватниот прелистувач и стандардниот. Покрај тоа, има бројни надградби за Firefox Developer Tools, алатка за тестирање на JavaScript – JavaScript Profiler и подобрена HTML5 поддршка.

Firefox за Android засега нема да може да го користат корисниците чиј паметен телефон има слаб процесор, како што се HTC Aria, HTC Legend, Samsung Galaxy Q… Firefox 20 можете да го преземете од http://www.mozilla.org/en-US/firefox/fx/#desktop .

[youtube]0iJO9iF3MKE[/youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments