0 коментари 1 мин. читање

Електричниот автомобил Tesla е конечно профитабилен

По десет години развој, електричниот автомобил Tesla е конeчно профитабилен. За прв пат откако постои компанијата успе да продаде 4.750 Model S автомобили, што е за малку повеќе од проектираната бројка од 4.500, вели Tesla Motors.

Автомобилите на Tesla се едни од најдобрите паметни автомобили, со камери, оптимизација на работата, но и целосна интеграција на Google Maps. За жал цената на автомобилот е превисока (над 50.000 долари). Поголем проблем е и тоа што супер полначите на „електричните бензински пумпи“ Tеsla започна да ги инсталира пред нешто повеќе од половина година.

[youtube]HpySOCBqntI[/youtube]

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top