0 коментари 1 мин. читање

ФИНКИ и Microsoft остварија соработка со која студентите ќе имаат пристап до софтвер и можност за пракса

Факултетот за информатички науки и компјутерско инжинерство (ФИНКИ) заедно со Microsoft ќе им понуди на студентите можност да се стекнат со Microsoft сертификат преку едукативни програми. Тука се вклучува и DreamSpark програмата со која студентите ќе имаат бесплатен пристап до софтверот на Microsoft.

„Ова за ФИНКИ значи дека се подобруваат шансите за вработување на нашите студенти, добивање интернационално признати сертификати со ИТ-академијата. Очекувам во иднина соработката да биде уште поуспешна и ќе им овозможиме на нашите студенти да добијат нови идеи и да се вклучат во многу проекти на светско ниво.“, вели деканот на ФИНКИ, Димитар Трајанов.

Освен пристап до алатките на Microsoft, соработката ќе предвидува учество на ImagineCup – светски натпревар за студенти за најдобра идеја во одредена област, и праќање на студенти на пракса во Microsoft Македонија.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Коментари

Нема коментари. Отвори форумска тема и започни ја дискусијата.

Најави се и отвори тема

Напишаното ќе остане зачувано во овој прелистувач.

Мени
Заедница
Изглед
To top