Спонзориран текст

Финансирање на бизнисот преку Фондот за иновации и технолошки развој

Спонзорирано од ФИТР

во Спонзорирани

Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) е државна институција која обезбедува финансиска поддршка за македонски претпријатијата, наменета за развој на нови или значително подобри производи или услуги од тие што се нудат на пазарот. На овој начин претпријатијата добиваат финансии за побрз развој на иновациите и нивно побрзо пласирање на пазарот за да остварат приходи од истите, пред се’ од конкурентската предност што ја стекнале преку иновацијата. Преку воведување иновации македонските претпријатија може да бидат поконкурентни не само на домашниот туку и на глобалниот пазар.

Фондот има четири инструменти за поддршка во форма на грантови од кои два се наменети за развој на иновации, односно преку нив финансираме активности за истражување и развој, дизајн, тестирање, развој на пилотни линии и други активности кои се неопходни за да се развие и пласира новиот производ или услуга на пазарот. Најзначајно за доделување на средствата е претпријатието да има иновативно решение, потенцијал за освојување на поширок пазар, капацитет на менаџментот, позитивно влијание врз општеството и економијата, и секако овие информации да се квалитетно презентирани во предлог проект кој е доставен до Фондот.

Фондот за иновации и технолошки развој обезбедува финансирање до 100.000 евра за иновативни решенија, а досега поддржа 37 компании со вкупна вредност од приближно  1,5 милион евра. Дел од корисниците веќе ги завршија проектите и нивните производи може да се купат на пазарот. Покрај финансиска поддршка овие претпријатија добија и техничка помош од Фондот односно менторски и консултантски услуги од врвни меѓународни експерти од областа. Според  анализите, на претпријатијата им е потребна не само финансиска поддршка туку и поддршка за јакнење на нивните капацитети за да иновираат, но и за да им се помогне во растот на нивниот бизнис. Неколку проекти не само што се корисни за претпријатијата кои ги спроведуваат, туку се надеваме дека директно ќе бидат корисни и за граѓаните.

Фондот ќе се фокусира за развој на нови инструменти со кои ќе се опфатат и другите релевантни чинители во иновацискиот екосистем. Така индивидуалните истражувачи и младите кои сакаат да основаат свој старт ап или да комерцијализираат истражување на кое работеле во рамки на своите студии ќе може да добијат услуга за развој и комерцијализација на иновациите на едно место од идеја до производ или до продажба на лиценци, вклучително и поддршка за заштита на правата за интелектуална сопственост.

Фондот континуирано организира работилници, обуки и други настани со цел подигање на свеста кај македонските претпријатија за значењето на иновациите и за раст на бизнисот. Доколку претпријатијата не иновираат, конкуренцијата лесно ќе ги потисне и ќе бидат надминати од компании кои ќе понудат поинветнивно решение.

Приоритетите на Фондот се подобрен пристап до финансиска поддршка за иновации и за технолошки развој и промовирање и поттикнување на иновациската дејност во Македонија.

Искуства на дел од корисниците на Фондот за иновации и технолошки развој

Иновативната компанија Био Инженеринг, со поддршка на Фондот за иновации, неодамна отвори Истражувачки центар за микробиологија и биотехнологија и лабораторија за генетика и персонализирана медицина во „Филип Втори“ каде за првпат во Македонија се прават одредени генетски испитувања. „Ние имаме големо меѓународно искуство во пишување проекти и апликации. Покрај нашето големо искуство, увидовме дека апликацијата на Фондот е многу јасна и релативно едноставна за пополнување. Фондот за иновации и технолошки развој претставува еден многу добро осмислен фонд, составен од високо квалификуван стручен тим на млади и амбициозни луѓе кои се експерти во своето поле. Инфо сесиите кои тие ги организираа беа доста концизни и јасни и успеаја да ни ги одговорат сите прашања. После една година искуство и соработка со нив, евидентно е колку нивниот тим е запознаен со проблематиките, флексибилни се и достапни 24/7. Нудат помош од почетокот при подготвувањето на самата апликација се до успешната имплементација на истата. Она што го стекнавме и научивме во рок од година дена успешна соработка со Фондот е непроценливо. Работата на овој проект вроди и со нови идеи за кои веќе аплициравме и за грант од Horizon 2020 програмата, и се надеваме дека проектот ќе биде одобрен, а потоа “the sky is the limit“.


EmbedSocial е технологија за професионалци од областа на дигитален маркетинг, која нуди технички решенија и сервиси кои го олеснуваат работењето на маркетерите. EmbedSocial е (self-service) платформа која ја заменува потребата од помош од технички лица или користење на услуги од IT компании за реализирање на одредени маркетинг активности. „Развојот на оваа платформа беше поддржан од Фондот за иновации и технолошки развој и дојде во вистински момент кога бевме на раскрсница во кој правец да продолжиме со растот на компанијата. Кога првпат започнавме со работа, беше скоро невозможно да се добие инвестиција за да може да се фокусираш на развој на производот. Како и голем број ИТ компании, и ние започнавме со аутсорсинг услуги, модел кој овозможува брзо генерирање на првите приходи со кои ќе можеш да се развива компанијата. Во изминатите години паралелно работевме на развој на наши производи и проекти за нашите клиенти. Фондот ни помогна да излеземе од нашата комфорна зона, во која веќе имавме клиенти со кои работевме повеќе години, интересни проекти, супер репутација и позиција на број 1 агенција за развој на Facebook решенија. Но, нешто ни недостасуваше. Помошта која ја добивме од Фондот ја искористивме како можност да се реорганизираме во продукт ориентирана компанија и сега сме целосно фокусирани на развој на сопствени производи.“


„Нашиот проект, Акрон Рециклажа е технолошка линија за прочистен стаклен гранулат од отпадно стакло. Основната функција е да го третираме отпадното стакло што во Македонија, нешто што сега никој не го прави. Вреден репро материјал завршува во депонии, а неразградливата природа на стаклото сериозно го намалува векот на траење на секоја депонија. Постои одредена еколошка свест во Македонија, но проблемот е тоа што многу малку луѓе го селектираат стаклото, а оние кои го прават тоа немаат каде да го носат. Најпрвин изработивме прототип машина за кршење на стаклен отпад, и правевме разни испитување  во мали лабораториски услови. Тогаш се појави Фондот за Иновации без чија поддршка немаше да влеземе во овој навистина голем и амбициозен процес. Впрочем никаде во светот вакви проекти не се прават само со приватни инвеститори, туку и со поддршка од заедницата.“


Четвртиот повик на Фондот за иноавации и технолошки развој за поднесување предлог проекти е во тек и ќе биде отворен до 03.05.2017 година.  За финансирање проекти под овој повик за инструментот кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва „старт-ап“ и „спин-оф“ обезбеден е вкупен износ од 450.000 евра, односно 27.762.345 денари, наменети за 15 старт-ап или спин-оф претпријатија, додека за Инструментот за кофинансирани грантови и условени заеми за комерцијализација на иновации обезбеден е вкупен износ од 1.000.000 евра, односно 61.694.100 денари, наменети за 10 претпријатија.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Напомена:

Ова е комерцијален ПР текст закупен од страна на ФИТР . IT.mk не сноси никаква одговорност за текстот и неговата содржина. Доколку сте заинтересирани да објавите промотивен текст, испратете го на [email protected]