0 коментари 2 мин. читање 24 јули, 2015

Апликација на денот: Prune е нова фантастична игра за iPhone

Повеќе од десет години пред првиот iPhone, Bandai започна со продажба на уред за виртуелни миленичиња >Tamagotchi. На малечок привезок со неколку копчиња сопственикот се грижише за своите дигитални миленичиња, преку неколку копчиња требаше да ги нахрани, да ги прошета и да се погрижи за сите нивни потреби. Играта до 2010 се продаде во 76 милиони примероци. Сега истиот концепт за чување на миленичиња се отсликува во нова игра за iOS. Се работи за ииграта Prune од девелоперот Џоел МкДоналд кој направи навистина фантастична игра за iOS. Но, овојпат виртуелното милениче се заменети со дигитално бонсаи дрвце.

Виртуелното дрвце постојано расте, а корисникот треба да се покрижи да ги „поткастри“ граниките како што најмногу му се допаѓа, вистинското задоволство доаѓа кога дрвцето ќе процвета и корисникот може да се воодушевува на целосната убавина. Се разбира сега играта е побрза, нема потреба од постојано надлгедување и внимавање да не го промашите времето за поливање и естетиката на играта е далеку подобра. Prune e достапна на iTunes, а чини 4 долари.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top