Филмот за Warcraft ќе биде фантастичен, судејќи според ликот на Оргрим Думхамер

во Софтвер

Првата слика од Оргрим Думхамер, објавена од Wired, ветува дека долгоочекуваниот филм за светот на Warcraft ќе биде епски. Зад CGI ефектите стои истото студио, Industrial Light and Magic, кое работеше на Хулк од Avangers, и според таа деталите на Оргрим се чини дека завршиле одлична работа. Сепак, самото присуство на еден од најкултните ликови од серијалот, човекот по кој е именувам главниот град на Хордата, Orgrimmar, е доволно да го возбуди секој фан на заразниот масовен-мултиплеер.

Филмот излегува во јуни 2016-та година и ќе биде режиран од Данкан Џонс, кој најави дека филмот нема да биде битка на добрите луѓе од Алијансата против лошата Хорда, туку за херои од двете страни кои се обидуваат да спречат конфликт. Интересно е што главен лик од страна на алијансата, ликот на Андиун Лотар ќе го глуми Травис Фимел, актерот кој го глумеше Рагнар Лотбрук од ТВ серијата Vikings. Во епската приказна ќе ги видиме и Лејди Тариа, Магус Медив, Кхадгар од страна на Алијансата; и Дуротан, Гулдан и Блакханд од страна на Хордата.

Во приказната ќе забележите дека го нема Трал и другите херои од актуелната игра, т.е. од современото доба на Warcraft, што значи дека ќе има продолженија. For the Horde!

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
pero
pero
11 years ago

Lok tar ogar!!!

SOmeONe
SOmeONe
11 years ago
Reply to  pero

Lok' tar' o' gar