Првите телевизори со FirefoxOS пристигнаа во Европа

0 коментари 1 мин. читање

Првите паметни телевизори со Firefox OS пристигаат во Европа. Шест модели на Panasonic се првите телевизор кои ќе доаѓаат со Firefox оперативен систем, а за почеток доаѓаат во Велика Британија по цена од 1.000 фунти. Најавите се дека во месеците кои следуваат телевизорите ќе бидат достапни и на останатите пазари.

Firefox OS преку неколку уреди е достапен и на пазарот за паметни телефони и таблет компјутери. Apple и Google доминираат кај телефоните, но паметните телевизори во моментов објективо се поедноставен пазар за освојување.

Како и за паметните телефони фокусот и Firefox OS за телевизор останува на HTML5 поддршка и поддршка за веб апликации. Девелоперите ќе можат едноставно да ги префрлат своите апликации на Firefox OS, вели Venturebeat.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед